Amouage Overture Women го следи машкото издание Overture Man кое најмногу се издвојуваше со интензивниот акорд на коњак. Overture Woman е омаж на современата жена – смела, културна и полна со мистичност ја раскажува приказната за оној момент во животот кога ништо друго не е важно.
Симфонија од некои од најретките и најбарани состојки на светот!
Опојниот мирис е симфонија од некои од најретките и најбарани состојки на светот, изразувајќи интензивна емоција на восхитувачка оперска претстава. Да се биде во присуство на Amouage Overture Woman значи да се сведочи за извонредното.
Гламур со фанфари на една вечер во операта!
Со само едно нанесување од овој дрвенест мирис се евоцира есенција на самоуверена убавина и гламур што се однесува на восхитувачките прилики со фанфари на една вечер во операта.
View this post on Instagram
Препознатлив акорд!
Женското парфемско издание е потпишано од парфимерката Annick Menardo и исто така го има препознатливиот акорд на коњак. Во горните ноти тој е измешан со бергамот и пикантен шафран. Срцевината е богата со роза и здравец, зачинета со цимет и смоли. Во основата се наоѓаат олибан, лабданум и кожа, кои даваат силна персоналност на оваа композиција.
Amouage Overture Woman ги издишува нотите на калвадос, бергамот и шафран на кои се спротивставуваат мирисите на роза centifolia, гераниум и миризлива смола во срцето. Како што се развива мирисот, темјан заедно со мирис на кожа во основата носат вонвременска софистицираност.
Шише!
Стакленото шише е направено со ефект на мат ледена завршница, крунисано со бронзено капаче што ги истакнува топлите нијанси на еликсирот во боја на коњак. Мирисот е достапен во шише од 100 мл, како Eau de Parfum.