Ведриот, освежителен мирис Jimmy Choo Man Aqua е проткаен со морско ветре со ултра машка елеганција. Овој мирис означува ново смело поглавје во приказната на Jimmy Choo Man мирисната линија.
Man Aqua го прегрнува храбриот маж со својот дрвенест морски мирис, инспириран од заживувачката околина на морскиот брег.
Бран на свежина!
Создаден од парфимерите Paul Guerlain и Julien Rasquinet, Jimmy Choo Man Aqua е свеж како бранувана морска пена, но исто толку ревитализирачки како утро поминато во сурфање.
Создаден за да го долови мирисот на океанот!
Man Aqua е дрвенеста морска тоалетна вода, која со љубов е изградена околу класично машка fougère структура. Создаден за да го долови мирисот на океанот, тој е подеднакво одважен колку и ненаметлив.
Состојки кои сурфаат по пенлив бран!
При отворањето на композиција, стимулативниот зачин и сладоста на кардамонот сурфаат по пенливиот бран од грејпфрут, пред да исчезнат до свежото срце од леден здравец и чиста жалфија, кои се мешаат со морскиот акорд што се наоѓа во основата на мирисот. Таму, доволно тешкото сидро од пачули и килибар добива мек, морско инспириран аспект со додавање на солена мов.
Мирисната ода на океанот доаѓа во стаклено шише во боја на морето!
Jimmy Choo Man Aqua мирисната ода на океанот доаѓа во препознатливото шише на мирисната линија, само сега во прекрасно стаклено шише во боја на морето.
Рекламна кампања во која се појавува моделот и страствен сурфер Marlon Teixeira!
Во новата рекламна кампања за Jimmy Choo Man Aqua се појавува бразилскиот модел Marlon Teixeira, кој во минатото беше предводник на повеќе кампањи за парфемите на мирисната линија Jimmy Choo Man.
Искусниот сурфер совршено ја отелотворува смелата форма на Man Aqua. Неприкосновено мажествен, но и целосно удобен во сопствената кожа, за оваа кампања бразилскиот модел е сликан како излегува од морето после сурфање.
Прекрасната сцена е облеана со сончева светлина на модерна мажественост. Самоуверен и кул, моделот е сликан полуоблечен во модерен костим за сурфање додека ја носи својата даска. Неограничен маж со вродено чувство за елеганција е живо олицетворение на Jimmy Choo Man Aqua.
Подеднакво одважен колку и ненаметлив!
Одличен избор со кој не можете да погрешите!