- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Освежувачки, моќен бран со интензитет од 12 часа!

Тоалетната вода Y ја реинтерпретира визијата за мажественост, создадена на границата на чистотата и сексипилот, силата и креативноста, свежината и сензуалноста. Новиот Yves Saint Laurent Y Eau de Toilette ги поканува сите мажи кои не се плашат од транспарентноста, кои се доволно храбри да го прифатат она што сè.

Lenny Kravitz YSL

Lenny Kravitz Yves Saint Laurent Y Eau de Toilette

„За да знаеш каде одиш, треба да знаеш од каде доаѓаш“ – Lenny Kravitz

За Y Eau de Toilette, парфимерот Dominique Ropion ја поттикна својата креативност и ја врати Y линијата на своите корени! Суштината на fougère мирисот! Затоа, мотото на новиот мирис е познатата изјава на Lenny Kravitz, заштитно лице на кампањата на YSL – „За да знаеш каде одиш, треба да знаеш од каде доаѓаш“. Потопувањето во својата внатрешна сила, во изворот на својата страст и суштината на постоењето. Тоа значи да се вратите на почетокот и да го искористите моментумот што ќе ве лансира на места на кои сè уште не сте стапнале.

- Реклама -

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YSL Beauty Official (@yslbeauty)

Темјан е состојката која продира низ целиот мирис!

Лаванда и жалфија од Прованса, гераниум од Мадагаскар и акорд од килибар се состојки кои го исполнуваат мирисот со светло сина аура“ – истакнува Dominique Ropion. Тој додава дека тајната лежи во апстрактната комбинација на мажествени акорди на темјан со сензуални шумски ноти. „Темјанот е состојката која продира низ целиот мирис, од почетните до основни ноти. Ја соединува експлозивната миризлива свежина со длабоката дрвенеста сензуалност“.

Yves Saint Laurent Y Eau de Toilette ingredients

Почувствувајте како расте тензијата помеѓу чистота и сексипилноста!

Состојките со врвен квалитет се дизајнирани специјално за Yves Saint Laurent. Тие се добиени со помош на модерна технологија, со што се постигнува ослободување на нивната оригинална енергија. Луксузната лаванда од Прованса, срцето со жалфија и хидродестилиран екстракт од миризливите листови на гераниум се сведоци и фактори на неповторливиот мирис на оваа тоалетна вода, која ќе ве врати во корените и ќе ви ја покаже иднината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YSL Beauty Official (@yslbeauty)

Софистицирано Y шише! Тоа е прашање! Тоа е одговор!

За да ја открие свежината на мирисот, ултра софистицираното Y шише е редизајнирано од Suzane Dalton во кристално проѕирно стакло. Шишето оддава бистра, сина нијанса на џусот, која со изгледот потсетува на она што самиот парфем го предизвикува со својот мирис – кристално чистото море, сончеви зраци, вкусот на солта на кожата и место каде што можете да бидете свој. Затоа што, мажот зад мирисот Y нема што да крие!

Побарај го во најблиската парфимерија или онлајн.

Yves Saint Laurent Y Eau de Toilette Yves Saint Laurent bottle Yves Saint Laurent Y Eau de Toilette package