- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Моќен, но чувствителен, Armani Code Parfum повторно го открива мирисниот потпис на оригиналниот Armani Code мирис. Armani Code Parfum e нова верзија на популарниот мирис Armani Code од 2004 година.

Новиот Code Parfum претставува многу повеќе од обнова на оригиналниот Code!

Тоа е сосема нова приказна за машкоста. Тоа е дел од ДНК на дизајнерот, кој како извор на инспирација ги зема денешните мажи. Тие се слободни да ја изразат својата автентична машкост и да бидат во допир со своите чувства. Овие нови правила го отелотворуваат она што отсекогаш било визија на Armani. Чувствителна мажественост, богато изнијансирана.

Armani Code Parfum

Моќен, но чувствителен мирисен потпис!

Визијата за мажественост што комбинира нежност и цврстина во новото издание ги рефлектира карактеристиките на Armani Code, првично создаден од парфимерот Antoine Maisondieu. За верзијата Parfum, тој на дрвенестиот ароматичен потпис додаде ноти на ирис.

- Реклама -

Тоа е изразено во ароматичните горни ноти на мирисот и силно мажествените основни ноти, со срце проткаено со зголемена сензитивност.

Vert de Bergamot добиен со помош на молекуларна дестилација ја изолира свежата и зелена горна нота на бергамот, давајќи му на мирисот долготрајна свежина. Сржта на овој мирис се состои од арома на мускатна жалфија од Прованса, југот на Франција. Мешавината од природна смола од ирис од Мароко и синтетичките алдехиди на ирис, му даваат нова чувствителност на ароматичниот и препознатлив Armani Code мирис. Моќната основа е обележана со моќната арома на тонка зрно од Бразил, во комбинација со ноти на кедрово дрво од Вирџинија.

Armani Code Parfum ingredients

Секогаш подготвени на тргнете напред!

Британскиот актер Regé-Jean Page, познат по улогата на „Duke of Hastings“ – Војводата од Хестингс во серијата „Bridgerton“ – Бриџертон, е новото заштитно лице на Armani Code Parfum. Во кампањата, фотографирана од Damon Baker, Page ја отелотворува оваа нова визија за мажественост.

Regé-Jean Page ги толкува и истражува нијансите на нежна и длабока мажественост која не е ниту наметлива ниту упадлива. Тој автентично и спонтано ја претставува културата, богатството и виталноста на овој момент во времето. Допира до современите мажи, мажи кои се подготвени да тргнат напред и повторно да го испишат кодот на мажественоста на нов начин.

Armani Code Parfum visual Regé-Jean Page

Уникатноста се среќава со модерниот дизајн на шишето!

Новото шише е црно, малку проѕирно. Шишето е со квадратна форма со заоблени агли. Во иднина се планира парфемската и тоалетната вода да бидат сместени во истото шише како и парфемот.

Armani Code Parfum a bottleКупи Сега Shop Now Elixir

Во склад со постојаните напори насочени кон одржливоста, еколошки дизајнираното шише на Armani Code Parfum, може повторно да се надополни во сите големини, благодарение на специјално дизајнираното полнење од 150 мл.

Armani Code Parfum refillable bottle

Armani refillable bottle