Италијанскиот моден бренд Laura Biagiotti го претстави најновиот мирис од култната колекција Roma, наречен Roma Fiori Bianchi.
Посветен на возбудливото деби на брендот, но со изненадувачки модерен допир!
Првиот парфем создаден од Laura Biagiotti во 1982 година беше наречен Fiori Bianchi и беше манифест на безвременски стил. Шест години подоцна се роди Roma, мирис посветен на вечниот град Рим, за елегантни жени со романтична душа. Roma Fiori Bianchi, новиот мирис на Laura Biagiotti Parfums е посветен на возбудливото деби на брендот во светот на мирисите, но сега со изненадувачки модерен допир.
Исклучително свежа и примамлива тоалетна вода!
Roma Fiori Bianchi содржи спомени и емоции и буди интензивни впечатоци преку состојки кои ја нагласуваат елеганцијата и внатрешната сила на жената. Мирисот е создаден за жени кои ја користат традицијата како почетна точка за еволуција. Овие жени – силни, независни, космополитски, романтични, но самосвесни – поседуваат трага на вечноста во нивните срца и на нивната кожа.
Парфимерката Nathalie Lorson формулираше исклучително свежа и примамлива тоалетна вода, почнувајќи со акорд на нард – најпознатото есенцијално масло од антички Рим. Горните ноти вклучуваат свежина на бергамот и сладост на круша. Акордот на нард ја отвора вратата за перцепцијата на нотите од срцето. Овде, сензуалноста на љубичицата е зајакната со хипнотичката живост на јасмин и суптилната елеганција на гарденијата. Горко-слаткиот допир на белиот бадем станува миризлив потпис на ова цветно срце кое величествено е консолидирано во основните ноти: тонка, австралиско сандалово дрво и молекулата со ефект на мошус – RomandolideR.
Шише изработено од кристално чисто стакло ја истакнува розова нијанса на мирисот!
Шишето има класичен облик на столб исто како оригиналното издание на Roma мирисот. Наместо од непроѕирно матирано стакло, сега изработено е од кристално чисто стакло кое ја истакнува деликатната розова нијанса на Roma Fiori Bianchi мирисот. Полупроѕирното капаче со врежаното име Roma ја евоцира сензуалната свежина на мирисот. Дури и на пакувањето има нијанси на бела и розова, како и сјајни и непроѕирни контрасти.
Roma Fiori Bianchi е достапен како Eau de Toilette во шишенца од 25, 50 и 100 мл.