- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Парфемското издание My Way Parfum од Armani го претстави актерката Sydney Sweeney од хит серијата Euphoria на HBO. My Way Parfum е интензивна и слатка верзија на цветниот потпис на оригиналното May Way издание од 2020 година.

Sydney Sweeney

Sydney Sweeney – лице на парфемот My Way

Во срцето на My Way филозофијата длабоко е врежана пораката – „Јас сум она што го живеам“. Со прифаќање на оваа визија за женственост, која е длабока и слободоумна, создавате нови хоризонти за истражување и креирате сопствен пат.

Погледнете го светот низ очите на Sydney Sweeney додека таа истражува нови хоризонти и го кова својот пат. На тој начин го отелотворува духот на My Way.

- Реклама -

Најинтензивно издание досега!

Најновото издание од May Way мирисната линија која се одликува со цветни, дрвенести и акорди на ванила е најинтензивно издание досега. Се одликува со состојки од одржливи извори. Од Armani посебно се горди на шишето што се полни, исто како и другите изданија на линијата.

Giorgio Armani My Way Parfum Giorgio Armani refillable bottles

My Way Parfum – роден од средбата на свесно одбрани состојки од целиот свет!

Овој женствен мирис се отвора со свежи, цитрусни ноти на масло од бергамот од Калабрија. Тие се топат со екстрактот од цвет од горчлив портокал од Египет. Новата интензивна срцевина на мирисот настанува како контраст од кремастите кадифести ноти на тубероза од Индија и величествената свежина на ирис Pallida од Франција. Ванилата и дрвенестата основа се појачани со сензуални кремасти ноти на кедрово дрво од САД и прекрасна инфузија од бурбон ванила од Мадагаскар, кои се дополнително збогатени со бел мошус.

Giorgio Armani My Way Parfum ingredients

My Way Parfum можете да го најдете во шишенца од 30 и 50 мл.

Giorgio Armani My Way Parfum a bottle and package Giorgio Armani My Way Parfum a bottle