Новата Teint Idole Ultra Wear Care & Glow течна пудра од Lancôme со досега невидена технологија, наречена „neo-glow“ на тенот му обезбедува природен блескав изглед до 24 часа. Со целодневна свежина и природен сјај, оваа течна пудра со средна покривност е одлична подлога која ги истакнува цртите на лицето со природно привлекување на светлината.
Течната пудра со голема леснотија обезбедува 24 часа природен здрав сјај на лицето. Обезбедува средна моќ на покривност, не остава дамки, не избледува и не се таложи во фините линии. Пудрата Teint Idole Ultra Wear Care & Glow е со 82% серумска основа за подобрување на сјајот на лицето, но содржи хијалуронска киселина и бадемова киселина.
Што ја прави разликата?
Целодневна хидратација и вистински сјај, активирани од 82% серумска основа за нега на кожата, заедно со хидрантната хијалуронска киселина и измазнувачката бадемова киселина. Пудрата испорачува инстант резултати и резултати со текот на времето. Од ден на ден, кожата е посветла, помазна и изедначена.
Што друго треба да знаете?
Teint Idole Ultra Wear Care & Glow течната пудра обезбедува природен сјај на лицето што пркоси на сите фактори: лицето останува свежо преку целиот ден, пудрата не остава дамки на облеката, нема избледување на нијансата во текот на денот и не се вовлекува во фините линии на лицето.
Пудрата е достапна во повеќе нијанси и може да се надградува за постигнување на изедначен и здрав тен, без разлика на типот или нијансата на кожата.
Пудрата е со заштитен фактор од сонце и без мирис. Поради тоа погодна е за сите типови кожа, вклучувајќи сува и чувствителна кожа.
Состојки!
Течната пудра која дава природен сјај на кожата е надополнета со серум создаден од лабораторијата на Lancôme.
82% Серум – за целодневна хидратација,
Хијалуронска киселина – ја задржува влагата на лицето до 1000 пати повеќе од својата тежина за да ја хидрира и пополни кожата.
Бадемова киселина – со текот на времето, нежно ја прочистува и измазнува текстурата на кожата.
Употреба!
За лесна покривност, односно изедначување на тенот, се нанесува едно испумпување на целото лице. За поголема покривност треба да нанесете од течната пудра два слоја.