- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Италијанските компании Acqua di Parma и Emilio Pucci ќе донираат дел од приходот на организацијата Save the Children!

Виорот на радоста, убавината и солидарноста!

Во годината на големи тешкотии, две италијански компании ја разубавија празничната атмосфера со нова колекција кога го слави животот, љубовта и радоста. Обединети со заеднички вредности, духот на празничната радост и големата страст кон убавината, брендовите Acqua di Parma и Emilio Pucci заедно даваат поддршка на меѓународната организација Save the Children, која веќе 100 години помага на загрозените деца, низ кампањата Rewrite the Future. Свесни за значењето на образованието и културата за развојот во иднината, дел од приходот на секој козметички сет ќе се донира на оваа организација.

Acqua di Parma X Emilio Pucci

Оригинален дизајн со живописен колорит! Emilio Pucci

Emilio Pucci е компанија која е специјализирана за креирање на оригинален дизајн со живописен колорит. Основачот на компанијата создава богат универзум на препознатливи дезени, но и непогрешлив стил за кој е награден со признанието The Prince of Prints.

- Реклама -

Совршена хармонија на стилот на Emilio Pucci и елеганцијата на Acqua di Parmа!

Соработката помеѓу двете компании изразува совршена хармонија на радосниот стил на Emilio Pucci и блескава елеганција на Acqua di Parmа.

Дезенот Vortici е инспириран од веќе постоечката тема од архивата на Emilio Pucci, во комбинација со препознатливата жолта боја на Acqua di Parma, реинтерпретиран низ хармонично движење на светлоста и бојата, со златни детали. Vortici (виор) на позитивност и радост на живеењето не води на патување низ италијански предели, историски локации, софистицирана убавина, урбана архитектура, преубава цветна градина, медитеранско крајбрежје.

Сетови преоблечени во живописен празничен колорит!

Токму за новогодишните празници, некои од најпознатите колекции на Acqua di Parma ја облекоа Vortici облеката. Препознатливите сетови преоблечени во живописен празничен колорит едноставно се производи што ќе ги посакате.

Препознатливата Colonia, како и Colonia Essenza од 100 мл, може да се најдат во елегантните сетови со гелови за туширање и дезодоранси.

Acqua di Parma Colonia coffret roe

Blu Mediterraneo е незамислив без своите бестселери Mirto, Fico и Arancia. Тоалетна вода од 75 мл, 40 мл гел за туширање и 50 мл лосион за тело ќе ве потсетат на мирисот на море и бескрајните сончеви денови.

Acqua di Parma Blumed reange roe

Празничната магија Le Nobili ги претставува Rosa и Magnolia. Овој пат може да ги најдете во сетови со парфеми од 100 мл, гел за туширање од 75 мл и крема за тело. Magnolia ќе ги израдува припадничките на понежниот пол со Beauty Ritual сет со парфем, крема за раце, но и парфем за коса.

Magnolia nobile roe

Magnolia the beauty roe

Acqua di Parma овој пат се погрижи вашиот дом да замириса магично. Свеќата и дифузерот Notte di Stelle ќе ја зачинат интимната атмосфера со ноти на бор, каранфил и малини. Останува само да се препуштите и да уживате.

Holiday coffret roe

Пријатни и среќни празници!

Празничните сетови на Acqua di Parma може да ги најдете во парфимеријата Fabu Spot Marriott.