Шминкерите на глобалниот мејкап бренд MAC Cosmetics ги споделија најголемите мејкап трендови за оваа сезона и со своите совети и трикови ги воодушевија многуте ентузијасти ширум светот. Верувам дека некои од вас добро ги познаваат преку нивните креативни процеси за создавање на најубавите мејкап изгледи што ги споделуваат на Инстаграм.

Овој пат шминкерите на MAC претставија четири најголеми мејкап трендови кои ќе ја одбележат сезоната, а ги нарекоа Tint, Bold, Bleach и Rich. Во продолжение откријте ги деталите за тоа како да ги постигнете овие мејкап изгледи и кои производи на MAC ќе ви помогнат во тоа.

Четири најголеми мејкап трендови кои ќе ја одбележат оваа сезона!

Tint – на кожата сè што е црвено!

Црвената е боја која природно се појавува на нашата кожа и која во некој облик одговара на сите. Сепак, оваа сезона се менува тонот и нијансата на црвената боја што ќе биде во тренд, а се менува и местото на нанесување и текстурата на црвените нијанси на лицето. За оваа сезона, најмногу ќе се истакне црвената нијанса на цигла – се работи за црвена со земјен подтон и со примеси на портокалова боја. Трендовски ќе бидат нијансите на вишна и розово-црвена боја, но циглестата дефинитивно ќе биде на самиот врв.

мејкап трендови MAC Tint
MAC TINT BY BALTASAR

Новина е тоа што руменилото после долго време повторно се враќа во фокусот. Сè повеќе ќе си поигруваме со текстури и техники на нанесување на различни делови од лицето. Кремастите текстури и земјените тонови ја прават кожата блескава и да изгледа помладо, а за прв пат се нанесуваат на горниот дел од образот, под очите и преку носот.

мејкап трендови MAC Tint
MAC TINT BY BALTASAR

Bold – интензивни бои со некои специфични клучни елементи!

Кога станува збор за градење на идентитет и карактер, потребна ни е боја – нели? Пристапот кон бојата драстично е променет од минатата сезона и сега полека ќе завладеат мејкап трендови кои потсетуваат на 80-тите. Имено, ако нанесете боја со потемни нијанси, веднаш ќе постигнете длабочина и дополнителна димензија на шминката на очите. Ултрамарин сината е во самиот центар на овој тренд, бидејќи има посебна моќ во рефлектирањето на светлината. Подеднакво убави и впечатливи мејкап изгледи ќе можете да создадете со виолетова, зелена и други нијанси со кои ќе направите вашите очи да заблескаат.

- Реклама -
MAC BOLD BY MARIEKE

Сјајните, металик нијанси и текстури ги заменуваат мат текстурите кои владееја досега во светот на шминката, а доколку на вашиот изглед додадете црн молив или туш за очи, тоа ќе го направи уште повпечатлив. Освен тоа, повеќе нема да се обидуваме да ги менуваме контурите на сопственото лице или очи, туку ќе се шминкаме за да ги нагласиме постоечките.

MAC BOLD BY BALTASAR

Bleach – бои измешани со бело!

Кога станува збор за овој тренд, белата е боја која доаѓа до израз. Создаваме изглед со пастелни бои со нанесување на впечатливи бои врз белата. Ова е тренд кој вистински ќе ја претставува генерацијата „Z“ која се изразува преку зелена, виолетова и други пастелни бои кои можеа да се видат во раните 2000-ти.

мејкап трендови MAC Bleached
MAC BLEACHED BY MARIEKE

Станува збор за цел спектар на бои кои изгледаат како да се избледени и со нив можете да си поигрувате на различни начини. Со овој трик можете да креирате сопствени бои, а поентата е во тоа да создадете мејкап изглед кој ќе ве рефлектира. Може да биде една боја само на горниот очен капак, а друга на долниот очен капак или неколку бои кои ќе се прелеваат од една пастелна нијанса во друга. Инспирирајте се од вашето расположение или приликата за која креирате мејкап изглед.

мејкап трендови MAC Bleached
MAC BLEACHED BY BALTASAR

Rich – богати металик нијанси на сребро, злато и бакар!

Инспирацијата за користење на металик нијанси и текстури во шминката датира од 19-ти и 20-ти век. Тие се како накит за нашето лице. Користете само една златна нијанса и ќе изгледате спектакуларно, а секој може да ги користи во секое време од денот. Можете да измешате малку сјај со вашата подлога, да ја нанесете на лицето како хајлајтер, на очните капаци, но и на купидоновиот лак.

мејкап трендови MAC Rich
MAC RICH BY MARIEKE

Без разлика на длабочината и тонот на вашиот тен, можете да нанесете цел спектар на златни, платинести и бакарни нијанси на вашата кожа. Овој тренд ја слави светлината што паѓа на лицето и ги истакнува цртите на најдобар можен начин, притоа давајќи ви допир на луксуз.

мејкап трендови MAC Rich
MAC RICH BY MARIEKE

Производи на MAC што можете да ги користите!

Се разбира, овие мејкап изгледи не би биле исти доколку не беа MAC производите за шминка со кои шминкерите од MAC ги создадоа овие мејкап изгледи, а ќе ви овозможат да ги создадете дома. Овој пат во фокусот се дури седум производи кои ќе ги обожавате и со кои вистински ќе можете да го истакнете вашиот карактер или расположение во одреден ден. Во продолжение можете да дознаете за кои производи станува збор!

Мејкап производите на MAC Cosmetics се достапни на продажните места на MAC во Скопје Сити Мол и во парфимеријата FABUspot во Ист Гејт Мол.

Powder Kiss Lipstick Burning Love

MAC Powder Kiss Lipstick Burning Love
MAC Powder Kiss Lipstick Burning Love

Powder Kiss Liquid Lipcolour Make Love To The Camera

MAC Powder Kiss Liquid Lipcolour Make Love To The Camera
MAC Powder Kiss Liquid Lipcolour Make Love To The Camera

Satin Lipstick Twig

MAC Satin Lipstick Twig
MAC Satin Lipstick Twig

Satin Lipstick Paramount

MAC Satin Lipstick Paramount
MAC Satin Lipstick Paramount

Matte Lipstick Diva

MAC Matte Lipstick Diva
MAC Matte Lipstick Diva

Lipstick Ruby Woo

MAC Lipstick Ruby Woo
MAC Lipstick Ruby Woo

Pigment Old Gold

MAC Pigment Old Gold
MAC Pigment Old Gold

Eye Shadow Shell Peach

MAC Eye Shadow Shell Peach
MAC Eye Shadow Shell Peach

Eye Shadow Yogurt

MAC Eye Shadow Yogurt
MAC Eye Shadow Yogurt

Art Library Its Designer

MAC Art Library Its Designer

MAC Art Library Its Designer
MAC Art Library Its Designer

Lip Pencil Nightmoth

MAC Lip Pencil Nightmoth
MAC Lip Pencil Nightmoth

Lip Pencil Chestnut

MAC Lip Pencil Chestnut
MAC Lip Pencil Chestnut

Magic Extension Mascara Black

MAC Magic Extension Mascara Black
MAC Magic Extension Mascara Black