Четвртото издание на мирисната линија Gucci Bloom мирисот Bloom Gocce di Fiori, ќе биде претставен во месец Април 2019 година. Оригиналниот Gucci Bloom парфем беше лансиран во 2017 година под водство на новиот креативен директор на брендот Gucci, Alessandro Michele во соработка со парфимерот Alberto Morillas. Оригиналната верзија беше следена од Gucci Bloom Acqua di Fiori и Gucci Bloom Nettare Di Fiori од 2018 година.
Gocce di Fiori се отвора со трио на високо концентрирани скапоцени состојки!
Опишан како полесна и посвежа верзија на оригиналниот цветен парфем, Gocce di Fiori ја носи атмосферата на рана пролет. Наместо класична мирисна композиција на горни, средни и основни ноти, Gocce di Fiori се отвора со трио на високо концентрирани скапоцени состојки: екстракт од пупка на јасмин, природна тубероза и цвет од кинески орлови нокти (Rangoon Creeper).
Скапоцени состојки – тубероза и јасмин!
Природната тубероза се бере во Индија. Екстрактот од пупка на јасмин се добива со ексклузивна метода на екстракција и дава свеж мирис на зеленило. Rangoon Creeper кој го отелотворува концептот и името на парфемот, зрачи со благ прашкаст цветен мирис.
Gucci Bloom Gocce di Fiori ќе биде достапен во 100 мл, како Eau de Toilette.