Од Love don’t be Shy – секси уживање за возрасни, до Love don’t be Shy Extreme – ново секси доживување од Kilian предозирано со слатки ноти на роза.
Повик да се влезе подлабоко во предизвикот!
Пред повеќе од деценија основачот на брендот Kilian, Kilian Hennessy во соработка со парфимерката Calice Becker го креираа прекрасниот парфем Love, don’t be Shy. Повторно работеа заедно на новото секси доживување Love don’t be Shy Extreme, додавајќи нагласен ледено кристален, чист и цветен аспект на оригиналот. Ако Love don’t be Shy е заповед, храбро влегување во уметноста на љубовта, новиот Love don’t be Shy Extreme повикува да се влезе подлабоко во предизвикот и деликатноста.
Неодолив еликсир за неизлечиви гурмани!
Цветовите од портокал и роза во богати количини, го чинат овој блескав еликсир неодолив за неизлечиви гурмани. Love don’t be Shy Extreme ароматичната варијанта се отвара со чиста мирисна интерпретација на сончевата светлина отелотворена во есенција на бергамот и цветови на северно-африкански портокал. Силните сензуални ноти доаѓаат од миксот на амбер, ванила и бел слез кој дава посебен гурмански акорд.
Дел од Narcotics мирисната фамилија!
Како дел од Narcotics мирисната фамилија парфеми на Kilian, мирисот Love don’t be Shy Extreme е дизајниран со слаткоста која доминира да предизвика зависност и затоа не е за оние со слабо срце.
Шишето е олицетворение на луксуз!
Блескава инкарнација на луксуз, шишенцето на Love don’t be Shy Extreme е интеракција на контрастот на белото стакло со златните детали и белиот изгравиран потпис. Обликот останува верен на стилот на Kilian Paris: елегантен, урбан, со подтонови на артдеко дизајн.
Love don’t be Shy Extreme не е повик за љубов. Тоа е смелост за импулсивно нурнување во бестрашност и сензуалност.