Paco Rabanne Invictus доби наследник, изданието Invictus Victory кое нуди зачинети ноти на ванила, но задржувајќи го препознатливиот ДНК на оригиналот.

Машкото издание Invictus Victory претставува динамичен дуел на два моќни и контрастни елементи: свежина и сензуалност. Композицијата е интензивна, остра и темна, но и свежа и зачадена.

Paco Rabanne Invictus line

Paco Rabanne Invictus compare

Силен и заводлив мирис, сензуален, но долготраен!

Најновиот црн и сјаен трофеј е посветен на мажот кој ќе ги постигне своите цели. Поразот не е опција! Ќе ги помести границите, ќе прифати било каков предизвик и маестрално ќе победи. Совршениот спој помеѓу изразената свежина и магнетниот интензитет за мажот победник ќе обезбеди силен и заводлив мирис, сензуален, но долготраен.

- Реклама -

Совршен мирис за роден победник!

Композицијата рефлектира сила и енергија и ова е совршен мирис за роден победник. Дрвенестиот и интензивен состав започнува со остри и свежи ноти на лимон покрај пикантен розов бибер. Акордот на олибанум го карактеризира јадрото на композицијата, нијансирано со смирувачка нота од лаванда, поставена на интензивна балсамична и зачадена постела од тонка зрна, ванила и топли килибарни ноти.

Paco Rabanne Invictus Victory ingredients

Invictus Victory main ingredients

Дизајн на шишето како претходните изданија!

Paco Rabanne Invictus Victory е со дизајн на шишето како претходните изданија, но овој пат во сјајно црна боја, украсено со буквата „V“ во боја на злато.

Машкиот Invictus Victory мирис е достапен во шишиња од 50, 100 и 200 мл, како Eau de Parfum.

Paco Rabanne Invictus Victory bottles

- Реклама -

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име