За сите љубители на мирисната линијата Black Opium на Yves Saint Lauren, еве ја најновата креација – Black Opium Le Parfum. Направен е со фокус на интензитет и квартет од ванила во срцето. Новиот Le Parfum ја задржува зависноста од кафе и бели цветови за женствен допир.
Огромен успех со Black Opium мирисната колекција!
Колекцијата Black Opium дебитираше со Black Opium лансиран во 2014 година. По огромниот успех YSL додаде многу изданија и варијации на темата на првото издание во кои навистина уживавме низ годините.
Le Parfum
Black Opium Le Parfum е за сензуалните и моќни жени кои итаат низ бескрајните ноќи, оставајќи зад себе бескрајно ехо.
Рекламно лице на најновиот Black Opium Le Parfum е Zoe Kravitz
„Овој долготраен парфем е најинтензивната и најтоплата интерпретација на оригиналниот парфем Black Opium. Волшебниот мирис зрачи со неочекуван наплив на скапоцена ванила, надополнет со легендарни ноти на кафе и сензуален букет бели цветови – уникатен мирис за оние кои бараат бескрајни ноќи“ – Zoe Kravitz
Целосна навала од задоволство!
Создаден на препознатливиот мирис на топло кафе и контрастиран со блескави бели цветови, овој мирис е целосна навала од задоволство.
Како интензивен, топол и повеќеслоен потпис за најновиот мирис, во YSL ги користеа овие четири скапоцени ванили: Vanilla Planifolia Absolute од Мадагаскар, Vanilla Pod Absolute од Мадагаскар, Premium Vanilla Bourbon Infusion од Мадагаскар и Vanilla Tahitensis SFE Absolute.
За композицијата, се користеа три состојки од одржлив извор: зелена мандарина Superessence, одржливо добиена од Италија, ванила Bourbon Infusion, одржливо добиена од Мадагаскар и срцето од пачули Ladongi, одржливо добиено од Индонезија.
Темно црн и сјаен скапоцен камен!
Црни светки во средината на шишето, исечени во форма на темен камен. Овој темно црн и сјаен скапоцен камен ја рефлектира интензивноста на парфемската есенција која ја содржи, а неговата срцевина од светки потсетува на трепкачките светла на урбаните градови во текот на ноќта.