По меѓународниот ден на жената, се повеќе и повеќе брендови за убавина ја покажуваат својата поддршка да го забрзаат напредокот на жените и да им помогнат на жените и девојките низ целиот свет да постигнат родова еднаквост.
Bobbi Brown во соработка со Kiva започна кампања!
Претходно брендот Elizabeth Arden ја претстави “March On” филантропската кампања за зајакнување на жените, а деновиве брендот за убавина Bobbi Brown во соработка со Kiva започна кампања да им помогне на жените со ниски примања во повеќе од 80 земји да обезбедат микро-кредитирање и да создадат подобра иднина.
Kiva е глобална, непрофитна организација со седиште во San Francisco, со мисија да ги поврзува луѓето преку кредитирање за да ја намали сиромаштијата. 100% од секој долар што го позајмувате на Kiva, оди на финансирање заеми. Ова може да му помогне на заемопримачот да започне или да развива бизнис, да добие соодветно образование, да пристапи до чиста вода или енергија, или едноставно да го реализира својот внатрешен потенцијал, без оглед на социјалните околности.
Лимитираното издание на Pretty Powerful Pot Rouge нејзиниот најпродаван производ!
Брендот Bobbi Brown е во мисија да й помогне на Kiva со зголемување на донациите од 300.000 долари. За да се овозможи ова, познатиот бренд за убавина го дизајнираше лимитираното издание на Pretty Powerful Pot Rouge нејзиниот најпродаван производ со мултитаскинг формула во една боја. Универзалната кремаста текстура со боја која дава совршен и природен изглед на усните и образите. Pretty Powerful Pot Rouge пристигнува во специјално дизајнирана амбалажа, украсена со розови точки и натпис “Pretty Powerful” (прилично моќна).
Со купување на овој производ ќе помогнете на донацијата на Bobbi Brown до Kiva!