За прекрасен и природен изглед на шминка што трае, професионалците ја препорачуваат најновата течна пудра Bobbi Brown Intensive Skin Serum Foundation SPF40. Овој хибриден производ ги комбинира придобивките и флуидноста на серумот со својствата на пудрата и затоа многу ефикасно го изедначува тенот и ги прекрива сите несовршености. Формулата на оваа лесна пудра содржи балансирачка мешавина на екстракт од Lychee, бамбус и Cordyceps печурки. Оваа моќна формула содржи многу хранливи и хидрантни својства кои го поддржуваат обновувањето на клетките на кожата.
Беспрекорен тен со заштита од сонце!
Најновата лесна, свиленкаста Bobbi Brown пудра во форма на серум ги комбинира Active Skin комплексот заедно со пигменти без тежина и совршени тонови преку процес на ладна фузија, кои придонесуваат да постигнете свежина и мазен тен на вашето лице. Оваа Intensive Skin Serum течна пудра содржи УВ-филтри кои ја штитат вашата кожа од стрес предизвикан од животната средина и го спречуваат оштетувањето на колагенот и многу успешно ги намалува видливите знаци на стареење. Комбинацијата напредни и нежни филтри ја штитат кожата од оштетување од сонцето и создава здрав и ревитализиран тен кој е совршено хидриран. Пудрата е совршена за во лето и топлината што ја носи.
Како да постигнам најдобар ефект?
Течната пудра пред да ја нанесете на лицето потребно е добро да го протресете шишето. Ставете две капки од пудрата на рака или четка за пудра и нанесете ја околу носот и устата. Потоа нанесете пудра на сите оние области каде што забележувате црвенило или неправилности, а потоа размачкајте ја по цело лице со четка, сунѓер или врвовите на прстите. Ќе добиете мејкап изглед кој трае цел ден, но без да чувствувате тежина.