- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Нашата самодоверба зависи од тоа каква е нашата кожа и колку сме задоволни од изгледот, а несигурноста многу лесно може да се забележи на лицето и да се одрази на изгледот на кожата. Мрсната кожа е многу чест проблем на многу жени и токму тоа го отежнува изборот на шминката, особено изборот на течна пудра за овој тип на кожа. После истражувањето и испробувањето на различни производи што можат да се најдат на пазарот, подготвени сме во консултација со експерти за шминка да одговориме на прашањето: Како да изберете најдобра пудра за мрсна кожа?

Природен изглед на кожата!

Кај мрсната кожа многу е важно да сте сигурни во резултатот што ќе го постигнете со производот што ќе го изберете. Пудрата што ја прави вашата кожа мазна, свиленкаста и мека е пудра која ќе ви помогне да го задржите природниот изглед на вашата кожа во текот на денот и практично ќе делува како ваша втора кожа.

Постојаност на пудрата!

Долготрајноста е уште еден критериум што треба да го земете во предвид при купување на пудра за мрсна кожа. Важно е да пронајдете долготрајна пудра која ќе остане постојана во текот на денот и ќе можете да се носите со сите обврски во текот на денот, вклучително и трчање, тренинг и слични физички активности. Затоа, обидете се да ја пронајдете онаа пудра што не се пренесува на облеката и отпорна е на пот и топлина.

- Реклама -

Мат покривност!

Едно од најлошите сценарија од кое се плашат сите оние кои имаат мрсна кожа е тоа што дури и после шминкањето тие прекумерно сјаат и тоа во најважниот момент кога клучно е да изгледаат беспрекорно. За да ја изедначете бојата и текстурата на кожата, да спречите прекумерен сјај и да направите порите што е можно повеќе да бидат невидливи, потребна ви е пудра која можете да ја користите секој ден и која нема да остава мрсни траги на кожата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by L’Oréal Paris Official (@lorealparis) on

Онаа вистинската – L’Oreal Paris Infaillible 24H Matte

Течна пудра што ги исполнува сите горенаведени критериуми дефинитивно е новата формула на L’Oréal Paris Infallible 24H-Matte. Нејзината формула која е наменета за мрсна кожа ќе ви овозможи совршено мат покривање кое трае во текот на целиот ден. Тајната на новата формула лежи во специјалната технологија за комбинирање на серумот за мазен и мат изглед на кожата со висока концентрација на пигменти.

Со оваа течна пудра ќе ја добиете онаа постојаност што ја баравте досега, бидејќи пудрата е издржлива до 24 часа. Оваа течна пудра наменета е за мрсна кожа, водоотпорна, а исто така ќе ви се допадне фактот дека на неа не делува влажноста од воздухот, потта и не се пренесува на облеката. Покрај тоа, содржи SPF 18 кој ќе ве заштити во сончевите денови.

Можете да бидете сигурни во вашиот совршен изглед во текот на целиот ден. Вашата кожа ќе ви биде благодарна, а околината ќе ја забележи вашата самодоверба и задоволство и сето тоа поради фактот што конечно сте ја пронашле вистинската пудра за мрсна кожа.