Малку мириси се обожавани и привлекуваат внимание како колекцијата на парфеми од брендот Byredo. Таа вклучува неколку култни фаворити како Gypsy Water, Mojave Ghost, Rose of No Man’s Land и најновото издание Lil Fleur. Секој од нив раскажува различна приказна, затоа не е изненадување што изразувањето на индивидуалноста преку мирис отсекогаш претставуваше главно начело на брендот.
Основачот и креативниот директор Ben Gorham посака Byredo да биде дел од визуелната приказна што луѓето ќе сакаат да ја споделат со светот. Така брендот одлучи да ја создаде својата прва мејкап колекција.
Byredo ја лансира својата прва мејкап колекција!
Брендот Byredo ја лансира својата прва мејкап колекција, создадена во соработка со британската мејкап артистка Isamaya Ffrench. Заедно посакаа го редефинираат пристапот како се носи шминката и да ги надминат конвенционалните идеали за убавината.
„Кога Ben спомна дека е заинтересиран за создавање на мејкап линија, ми требаше малку убедување затоа што не бев заинтересирана да создадам само уште еден бренд за шминка. Некако не ми се допадна идејата и јас навистина не ја разбирав потребата од уште еден бренд за шминка. Затоа, ако создадеме нов мејкап бренд, навистина тоа мора да го направиме на малку поинаков начин и сакам да се работи за самоизразување со приближување на шминката и боите“, рече Isamaya Ffrench. Всушност, тие сакаа да создадат низа производи што ќе предизвикаат емоции кај луѓето.
Тие создадоа обоени стикови кои доаѓаат во 16 различни нијанси и кои може да се нанесуваат на очите, усните или на образите. Колекцијата вклучува и кармини во 16 различни нијанси со сатенски и мат финиш. Покрај тоа, тие создадоа балсам за усни, маскара, течен туш за очи и три палети на сенки кои содржат пет различни бои. Бидејќи сите овие производи се повеќенаменски, не постои правилен или погрешен начин за да се носат.
Gorham и Ffrench ја комбинираа носталгијата со иднината, концептуализирајќи го пакувањето на производите, создавајќи дизајни кои изгледаат поинаку. Тие сметаат дека бојата треба да влезе во амбалажата, дизајнирана да изгледа како самостоен, украсен предмет. Комбинирајќи ја историјата и иднината, тие создадоа нешто како реликвија, предмети кои се создадени од вонземска природа, а истовремено создаваат чувство за современо и футуристичко.
View this post on Instagram