Додека претходните генерации се обидуваа по секоја цена да ја исправат витканата коса, новите генерации решија да ја прифатат и дадат грижата што ја заслужува. Факт е дека витканата коса бара повеќе внимание, хидратација и нега, затоа што со квалитетни производи таа ја покажува сета своја убавина. Затоа, L’Oréal Professionnel со својата најнова линија Curl Expression го руши митот дека кадрава коса невозможно е да се „скроти“!
View this post on Instagram
Кадравата коса копнее за длабинска нега!
По природа, кадравата коса не добива доволно хранливи материи и хидратација, затоа бара стручност кога станува збор за миење, обликување и сушење. Коренот на влакното на локните е во облик на „Ѕ“ и го отежнува протокот на хранливи материи, што резултира со дехидрирана коса. Затоа, од L’Oréal Professionnel пристигна иновативно решение кое комбинира три активни состојки: дериват на уреа, глицерин и екстракт од семе од хибискус.
Уреата е присутна во нашата кожа и нејзината двојна функција е да ја задржи хидратацијата и да ја зајакне хидролипидната бариера, додека глицеринот обезбедува долготрајна хидратација на најсувите влакна. Екстрактот од семето на хибискус е препознаен во африканските ритуали за убавина и е дарежлив извор на аминокиселини и висококвалитетни витамини.
Шест иновативни производи за непослушна, кадрава коса!
Линијата Curl Expression носи шест нови производи, поделени во четири категории, според нивната функција и задача. Првата група производи го следи првиот чекор во правилната нега на косата, односно миење со нега. Професионалниот шампон доаѓа во две варијанти со различни текстури. Првиот шампонот е со гел текстура кој нежно ја елиминира нечистотијата, додека истовремено ја обезбедува потребната влажност. Има нежна текстура, лесно продира до скалпот и отстранува двојно повеќе нечистотија од обичниот шампон. Втората опција е професионален шампон со кремаста текстура, подеднакво ефикасен, бидејќи обезбедува долготрајна хидратација без чувство на тежина и коса која лесно се чешла.
После темелното чистење, време е за маска за интензивна хидратација на косата. Во комбинација со гел шампонот, интензивно хидрира и овозможува лесно чешлање на локните, притоа обезбедува сјај, природно чувство во косата и леснотија. Само чиста и негувана коса е подготвена за стилизирање и обликување, што води до третата категорија на производи. Професионалната повеќенаменска 10во1 пена, комбинира кремаста текстура која обезбедува интензивна нега со нежна пена која совршено се вклопува со косата. Еден производ носи дури десет придобивки: дава 11 пати поголема дефиниција, хидрира, зајакнува, штити од влага, штити од топлина, не ги остава локните крути, спречува електрицитет и измазнува.
Освежување на кадриците со професионален спреј!
Линијата Curl Expression носи исклучително практичен и ефикасен професионален спреј за побрзо сушење на косата. Тоа е совршена микродисперзија на ултра фини капки за нега и забрзан процес на сушење на кадравата коса. Го скратува макотрпниот процес на сушење, штити од топлина до 230°C и обезбедува заштита од antifrizz до 48 часа. Сите оние чие брзото темпо на живот не им дозволува секојдневно да ја средуваат косата, ќе бидат воодушевени со уште еден производ од линијата Curl Expression. Професионалниот спреј за освежување на кадриците ќе биде спас во последен момент доколку сакате да го освежите обликот на вашите кадрици наутро после спиењето.
Иновативните решенија на линијата Curl Expression ќе ги обожаваат професионалните експерти и клиентите, па дури и најтврдокорните кадрици ги доведат до совршенство!