Dsquared2 Wood е парфемска идеја која се развива околу карактеристиките на силно и отпорно дрво. Во 2018 година брендот Dsquared2 претстави две изданија: Wood for Him и Wood for Her кои беа во согласност со темата на првите мириси од 2008 година. Сега на мирисната колекција и се придружи и унисекс изданието наречено 2 Wood.
Роден во Канада, дизајниран во Лондон, создаден во Италија!
2 Wood ве поканува да го доживеете концептот: „роден во Канада, дизајниран во Лондон, создаден во Италија“.
Модерен минимализам!
Унисекс парфемот 2 Wood е опишано како живописен, свеж и енергичен мирис на дрвја, цитрус и мошус. Идејата на парфемот, како и дизајнот на шишето е модерен минимализам. Освежителни цитруси, како што е цитронот и Primo Fiore лимонот се мешаат со зачинети ароми во врвот на композицијата. Срцето се состои од дрвенести акорди како што се ветивер, кедар и чемпрес. Нотите од килибар, мошус и моркулата Vulcanolide® го заокружуваат мирисот.
2 Wood мирисот е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.