Парфемот кој ги помести сите граници и апсолутно ги воодушеви фановите и обожавателите на бути-индустријата, неодамна лансираниот женски парфем Idôle продолжува да фасцинира со својата приказна. После официјалното претставување од Lancôme, доаѓа видео за Idôle, кое со себе носи инспирација за љубов кон себе, упорност и храброст. Во главната улога, секако е Zendaya која е заштитно лице на овој парфем, вистински лидер на нејзината генерација и инспирација за многу млади жени.
Idôle – од жени за жени!
Рафиниран – но сепак модерен, Idôle со себе носи свежи ноти на роза, бергамот, круша и јасмин. Во свет во кој преовладуваат прекумерни мириси, чистотата на Idôle ќе ви овозможи засолниште, сигурност и удобност.
Иновативен – кога станува збор за пакувањето, Idôle апсолутно е парфем за иднината. Осмислен од три жени – Shyamala Maisondieu, Adriana Medina и Nadège Le Garlantezec со идеја да ги инспирираат и да ги охрабрат жените низ целиот свет.
Елегантен – во прекрасно дизајнирано шишенце, Idôle е олицетворение на женската одлучност. Овој парфем означува потрага по слобода и храброст, исто како што Zendaya бестрашно јуриша кон својата цел. Создаден е од жени за жени кои не се плашат да сонуваат, кои пркосат, кои се лидери и иноватори – за жени од иднината.
Кој е твојот идол?
Zendaya – светски познатата актерка и активист изјави: „Мојот идол сум јас од иднината“. Верувајте дека можете да го освоите светот, дека можете да направите се што сакате, дури и небото не е граница. Со овој единствен производ Lancôme сака да ви порача да не се плашите од вашите соништа и од вашата храброст. Бидете инспирација за себеси, не прифаќајте ограничувања и воздржаност, храбро расчистете го патот пред себе и знајте дека можете да направите се, само ако поставите цел и не откажувајќи се.
Idôle – парфем за иднината!
Кога ќе се обединат три феноменални жени кои го создадоа овој парфем, единствен мирис и порака за моќта на жените што го испраќа Idôle, добивате производот што се стреми да биде парфем на иднината. Idôle ти порачува да бидеш храбра, силна, единствена и своја!
Можете да го нарачате вашиот примерок на парфемот Idôle со кликнување на линкот, или можете лично да го набавите во вашата омилена парфимерија. Ако веќе сте го пробале, споделете ги своите впечатоци во коментари.