Како моден тренд оваа година, електрично сината боја на стаклените шишенца на машките изданија, не ја заобиколи најновата креација на брендот Yves Saint Laurent, лансирајќи интензивна тоалетна вода со топол, дрвенест ароматичен концепт, нов машки мирис наречен La Nuit de L’Homme Bleu Electrique.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YSL Beauty Official (@yslbeauty)

L’Homme и La Nuit de L’Homme ги слави двете лица на современиот маж!

Yves Saint Laurent со машките мирисни линии L’Homme и La Nuit de L’Homme ги слави двете лица на современиот маж. Од ноншалантен шарм до електризирачко заведување! Од префинет дечко до урбано лошо момче. Мирисно дуо кое го отсликува миризливото наследство на Yves Saint Laurent.

Yves Saint Laurent La Nuit de L'Homme Bleu Electrique visual

La Nuit de L'Homme Bleu Electrique bottled

- Реклама -

Bleu Electrique е создаден во концентрација на интензивна тоалетна вода!

Новиот парфем за мажи La Nuit de L’Homme Bleu Electrique е создаден во концентрација на интензивна тоалетна вода што нуди позитивна тензија помеѓу зачинскиот кардамон, електризирачка возбуда што ја обезбедува ѓумбирот и живата свежина на француската лаванда, посебно креирана за YSL Beauté.

За новиот мирис парфимерот Dominique Ropion вели дека „Миризливата интерпретација е поинтензивна и позачинета од оригиналната тоалетна вода La Nuit de L’Homme“.

La Nuit de L’Homme Bleu Electrique е достапен во шишиња од 40, 60 и 100 мл, како Eau de Toilette Intense.

L'Homme colections

L'Homme lines

Bleu Electrique bottled Bleu Electrique package

- Реклама -