- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Пејачката Емина Јаховиќ неодамна ја претстави новата мејкап колекција Yaemina Beauty, како и линијата на парфеми. По кратка пауза, таа се врати во центарот на вниманието и го претстави својот бјути проект со кој исклучително е горда. На колекцијата работеше цели пет години и на радост на бјути ентузијастите конечно производите ја видоа светлината на денот.

После пет години напорна работа, многу сум возбудена што конечно можам да го претставам мојот бренд. Тој конечно е тука меѓу вас“ – неодамна возбудено напиша Емина на својот Инстаграм, а многу славни дами и испратија честитки и посакаа многу среќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Yaemina Beauty како продолжение на она што Емина го работеше со години!

Yaemina Beauty козметичкиот бренд на Емина Јаховиќ беше логично продолжение на она што таа го работеше со години. Во 2014 година, пејачката го лансираше својот прв парфем наречен Closer. После тоа, одлучи да продолжи да напредува со крупни чекори во козметичката индустрија, па на ред дојде уште еден парфем – Closer Swan City. Следуваше лансирање на спреј за тело како дел од козметичката линија Loud.

- Реклама -

Убавината има неодолива моќ!

Секогаш се чувствувам божествено кога сум опкружен со убавина и уметност. Тогаш започнуваат сите мои соништа. Убавината е самодоверба. Убавината е хармонија. Убавината има неодолива моќ“ – изјави Емина.

Убавината на Емина Јаховиќ!

Емина дефинитивно e една од најнегуваните дами на овие простори, па не е изненадување што се реши на ваков чекор. Мејкап производи на брендот на Емина Јаховиќ ќе го најдат патот до многу несесери и задоволни клиенти.