My Way Floral го носи следното поглавје во My Way приказната, доловувајќи го чувството на возбудлива средба. Giorgio Armani го претстави најновиот парфем од неговата популарна линија My Way, наречен My Way Floral сместен во прекрасно матирано стаклено шише кое може да се надополнува.
Мирисна линија May Way
Првиот мирис, овошно-цветниот My Way Eau de Parfum беше лансиран во 2020 година. Потоа му се придружија поинтензивниот My Way Intense во 2021 година.
My Way е дизајниран да предизвика промена во образецот на луксузната потрошувачка, како едно од првите луксузни парфемски изданија со шише кое нуди иновативен систем на повторно полнење во сите големини.
Како мириса?
My Way Floral нуди покана за самооткривање што ја содржи возбудата од првата средба со мирисот. Нов свеж и живописен букет зајакнат со цитрусни ноти, затворен во матирано стаклено шише со заледен слој кој го открива нежниот розов сок од мирисот. My Way Floral се отвора со цитрусни ноти на зелена мандарина и интензивен мирис на цвет од портокал со масло од горчлив портокал. Во срцето, туберозата е засилена со масло од нероли, нежно сложена и слатка. Во основата се спојува инфузија од ванила, додека белиот мошус доаѓа до израз со својот прегрнувачки карактер.
Блескавиот почеток на мирисот, нотата од цвет од портокал и ноти извлечени од плод од горчлив портокал кои се рачно набрани во Египет, создадени преку целосно природен процес на екстракција. Брилијантното цветно срце на мирисот е современа интерпретација на култните цвеќиња. Цветот на индиска тубероза е рачно набран во Индија. За живописниот состав на основата, ванилата доаѓа од одржлива и одговорна програма дизајнирана да ги поддржи локалните заедници во Мадагаскар.
Шише со иновативен систем на повторно полнење во сите големини!
Новото шише се карактеризира со матираното стакло кое создава прикриен изглед низ кој се гледа нежниот розов сок на мирисот. Метафората за Земјата е изразена преку елегантното темно сино капаче кое е украсено со луксузен златен прстен.
View this post on Instagram
Секое шише од My Way е дизајнирано да се одврти и повторно да се надополни без да се изгуби ниту една капка мирис, намалувајќи ги емисиите на јаглерод за 60% и употребата на пластика за 64%. За таа цел, шише од 150 мл се продава одделно, без употреба на целофан.
Каде може да се набави?
My Way Floral е достапен во шишенца од 50 и 90 мл, како Eau de Parfum во вашата најблиска парфимерија или онлајн.
View this post on Instagram