Телото, како и лицето бара дополнителна нега особено во текот на летото кога температурите надминуваат 30 степени. Сонцето, топлината и водата негативно делуваат на кожата, таа станува посува, се појавува црвенило и сето тоа е придружено со непријатно чувство на затегнатост на кожата. Ова се само некои од знаците на кожата кои велат – вашата кожа копнее за богата и длабока хидратација во вид на млеко за тело.
Побрз ефект за пократок временски период!
Со оглед на бројните секојдневни предизвици, денес сите посакуваме производи за нега со многу побрз ефект на делување, за пократок временски период. На овој начин избираме нега која се базира на нови истражувања, технолошки напредни формули, но и нега базирана на одржлив развој.
При изборот на млеко за тело, секогаш се трудиме да избереме млеко кое кожата брзо ќе го впие, кое не остава мрсни траги на облеката, кое обезбедува хидратација и не се лепи.
Решив со вас да споделам два иновативни производи за нега на тело од Biotherm, кои ги исполнуваат сите овие критериуми.
Biotherm Lait Corporel млеко за тело
Ова млеко за телото е мојот омилен производ! Неговиот освежителен мирис на цитрус претставува вистинско секојдневно задоволство. Обезбедува пријатен мирис, помага при уморна кожа и ја хидрира и храни кожата.
View this post on Instagram
Млекото за тело Biotherm Lait Corporel Body Milk е многу нежно, но сепак моќно. Со својот состав ќе ја разнежни вашата кожа. Витаминот Е нежно и освежително се грижи за дехидрираната кожа, враќајќи го нејзиниот природен заштитен слој и еластичност.
Нежно, кремасто и зачудувачки свежо, ова секојдневно млеко за тело веднаш и помага на кожата да изгледа мазна и мека. Кожата ја хидрира и ја враќа влажната бариера на кожата, притоа подобрувајќи ја нејзината еластичност до 48 часа.
Lait Corporel млекото за тело од Biotherm има лесна и немрсна текстура, брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата кадифено мека. Млекото за тело е погодно за сите типови на кожа, а посебно за чувствителна кожа.
Biotherm Life Plankton Multi-Corrective млеко за тело
Мултикорективното млеко за тело Biotherm Life Plankton во кое за прв пат има најголема концентрација на иновативниот Life Plankton е идеален производ за длабинско враќање на квалитетот на кожата и недостатокот на цврстина. Во себе го содржи најдоброто од технологијата за нега на кожа од Biotherm, ексклузивниот Life Plankton збогатен со три природни корективни масла – масло од канола, бадемово и маслиново масло.
View this post on Instagram
Млекото за тело Biotherm Life Plankton Multi-Corrective Body Milk длабински го подобрува квалитетот на кожата и ја прави вашата кожа да се чувствува поцврста, помазна и хидрирана. Неговата нежна и кремаста текстура со мошусен мирис е лесна за нанесување. Не содржи парабени и е одличен избор за чувствителна кожа. Секојдневно нанесете од корективното млеко на целото тело на претходно чиста и сува кожа.
Каде може да се набават?
Млеката за тело од Biotherm можете да ги набавите во вашата најблиска парфимерија или онлајн!