- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Gucci ја збогати успешната Gucci Bloom мирисна колекција со нов, интензивен мирис – Gucci Bloom Intense. Фасцинантен, длабоко цветен и инспириран од магнетните сили на месечината, ќе ве охрабри да процветате во своето вистинско јас.

Букет од изобилство!

Gucci Bloom градината од соништата беше лансирана со првиот Gucci Bloom волшебен мирис од 2017 година. Композицијата од бели цветови беше создадена да импресионира и заведе како букет од изобилство. Заразниот, длабок и цветен мирис го компонира мастер парфимерот Alberto Morillas. Препознатливиот екстракт од пупки од јасмин се испреплетува со тубероза во неодолива креација. Парфемската вода се развива природно и на тој начин го добива својот целосен, витален и волшебен израз – цвета исто како и оној што го носи.

Gucci Bloom Intense ingredients

Поинтензивна верзија за ноќна магија!

Новиот Gucci Bloom Intense мирис е додаден во колекцијата како ноќна магија која ја буди магијата на вашето внатрешно јас, сега во поинтензивна верзија. Мирисот ја опфаќа женствената сила на креативноста, откривајќи ја најпривлечната дестилација во Gucci Bloom градината досега. Неговиот инспириран мирис ја интензивира Gucci Bloom цветната мешавина од бели цветови со дополнителна сензуалност, што го прави парфемот погоден за секоја пригода.

garden

- Реклама -

Мирис кој со сигурност ќе привлече голем број комплименти!

Блескавата мешавина од мандарина и ѓумбир на почетокот е попрскана со сок од круша, што нè води до цветно срце од апсолут цвет од портокал, јасмин самбак и тубероза. Обединети се расплетуваат со акорд од Lady of the Night, цвет кој цвета навечер и кој го повишува богатиот букет. Основата комбинира пачули со мов, збогатена со тропски допир на кокос.

Есенцијата на новиот Gucci Bloom Intense буди длабока перцепција и одекнува со сензуален мирис, прекрасен мирис кој со сигурност ќе привлече голем број комплименти.

visual perfume

Ново уметничко дело!

Карактеристичното коцкесто шише во кој е сместен новиот Gucci Bloom Intense остана ист, само бојата за ова издание е црна. Надворешното пакување е украсено со Herbarium Gucci црвен принт и зрачи со креативна моќ и смела брилијантност.

Gucci Bloom Intense е достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл како Eau de Parfum Intense.

Gucci Bloom Intense a bottle and package Gucci Bloom Intense a bottle