MAC Cosmetics го објави лансирањето на две сосема нови хајлајтер палети!
Како што открива брендот MAC, новите MAC Hyper Real Glow хајлајтер палети доаѓаат оваа пролет! Возбудливото ново издание ќе пристигне во две различни опции, секоја со три различни нијанси.
Првата хајлајтер палета на MAC Hyper Real Glow се нарекува Flash и Awe и има три розови нијанси наречени Flash+Awe, Rosy Glow и Light of the Party. Секој од нив содржи свежи сребрени подтонови кои даваат комплетен бисерен сјај на лицето.
Втората палета, наречена Get It Glowin, е со малку потопли бои, создавајќи хармонија на трите златно-бронзени нијанси: Gold Coasting, Get it Glowin и Rosy Cheer. Оваа хајлајт палета е одличен избор за средни до длабоки тонови на кожата на лицето.
Како што откриваат мејкап артистите на MAC, секоја од овие нијанси се базира на супер кремаста формула дизајнирана да ви даде суптилен сјај и прозрачен изглед на вашето лице. Текстурата е свилена и не ја суши кожата.