Најновата мирисна креација за Mr.Burberry линијата е свежа, дрвенеста и минерална верзија на оригиналот лансиран во 2016 година. После првиот мирис Mr.Burberry, колекцијата понуди уште две варијации: Mr.Burberry Eau de Parfum во 2017 година и Mr.Burberry Indigo во 2018 година. Новиот мирис го следи природниот стил на линијата и ја поддржува хербалната свежина, нежните ароми на зелените бадеми и минералните аспекти.

Модерна сила и блескава свежина!

Новиот мирис Mr.Burberry Element комбинира модерна сила и блескава свежина. Моќната основа на минералната дабова мов е во контраст со килибарот, додека во срцето е зачинета, но свежа смрека, која доминира заедно со сензуалните, зелени бадеми.

Jerome di Marino – креатор на мирисот!

Мирисната креација Mr. Burberry Element е компонирана од страна на парфимерот Jerome di Marino.

Mr.Burberry Element е достапен во шишиња од 30, 50, 100 и 150 мл, како Eau de Toilette.