- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Burberry ја претстави новата верзија на мирисот Burberry Her од 2018 година, кој беше проследен со неколку изданија: Burberry Her Blossom и Burberry Her Intense лансирани во 2019 година. Новиот Burberry Her London Dream е модерно и романтично патување во срцето на градот Лондон.

Burberry девојката отелотворена во градот Лондон!

Мирисот ја отелотворува природната убавина на Burberry девојката, поврзувајќи ја со свежата и нежна арома на градот Лондон.

Зависна и живописна мирисна комбинација!

Зависната и живописна комбинација на лимон и ѓумбир го воздигнува романтичниот цветен букет во кој се преплетуваат божур и роза, прегрнати од гурманска трага од килибар и мошус во основата на мирисот. Најновиот мирис го поседува специфичниот акорд на Burberry Her изданијата, но прикажан на заслепувачки, блескав и модерен начин.

- Реклама -

Мирисната креација е создадена од парфимерите Jerome di Marino и Maïa Lernout.

Шише со дизајн од претходните изданија!

Дизајнот на шишето го повторува обликот од претходните изданија, овој пат со беж нијанси на деталите за надворешното пакување и топлата беж боја на течноста на мирисот. Рекламно лице на парфемот е Cara Delevingne, а фотограф е Juergen Teller.

Burberry Her London Dream е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum, a колекцијата вклучува и 30 мл мирис на коса.