Мирисната колекција James Bond ќе биде проширена со две нови изданија, машкиот James Bond 007 Pour Homme и женскиот James Bond 007 Pour Femme.
James Bond 007 Pour Homme!
Машкиот James Bond 007 Pour Homme доаѓа во препознатливото шише, но со ефект на ледено стакло, обоено со црна боја одвнатре. Стилот на ледено стакло на шишето е пренесен и на нотите на композицијата, кои се отвораат со ладен и лут црн бибер, арктичка ледена свежина и ледено нане. Свежината на почетокот на мирисот, нијансирана е со пријатна и смирувачка нијанса на лаванда во комбинација со ароматичен акорд на рузмарин и нежни и смирувачки ароми на кедрово дрво. Основата е збогатена со дрвенест карактер со пачули и ветивер и акорд од сув килибар.
Новиот машки мирис James Bond 007 Pour Homme е достапен во шишенца од 30 и 50 мл, како Eau de Toilette.
James Bond 007 Pour Femme!
Женското мирисно издание James Bond 007 Pour Femme е обоено во сончеви портокалови нијанси, како на шишенцето така и на композицијата на мирисот. Карактеристичниот дизајн на шишенцето се прелива од топла портокалова до светло портокалова нијанса, чувајќи ја пријатната цветно-овошна креација акцентирана со мандарини, цвет од јасмин кој цвета ноќе и зрна од тонка. На почетокот на мирисот, сладоста и сонцето на мандарината се комбинираат со круша и фрезија, додека срцето ја истакнува убавината на јасминот во комбинација со кедар. Основата на композицијата нуди неодолива топлина на тонка, сладост на цимет и кремаст акорд од ванила и кашмир.
Новиот женски мирис James Bond 007 Pour Femme е достапен во шишенца од 30 и 50 мл, како Eau de Parfum.