Женскиот Jimmy Choo парфем I Want Choo Forever е најновото издание на мирисната линија I Want Choo лансирана во 2020 година.
View this post on Instagram
Замислете мирис кој остава мистериозна трага која трае цела ноќ. Софистициран и разигран, со енергичен дух и атмосфера на забава, кој несомнено е увертира за возбудлива ноќ! Мирис кој ќе ве натера да го извадите најгламурозниот фустан што го поседувате и да ја испланирате највозбудливата забава со вашите пријателки!
Jimmy Choo I Want Choo Forever е парфем за незаборавни забави и прекрасни, гламурозни тоалети, со кои го чувствувате пулсот и динамиката на животот.
Енергија и интензитет, благодарејќи на посебна комбинација на состојки!
Новиот Jimmy Choo е опоен парфем кој ја слави енергијата и интензитетот, благодарејќи на посебна комбинација на состојки. Во горните ноти, нежна роза се спојува со розов бибер за да ја засили привлечноста. Срцето е мешавина од интензивен ликер од црна цреша, заводлив јасмин самбак и топол, женствен ветивер. Конечно, земјениот мов, ванилата и тонка зрното се комбинираат за да го направи овој мирис навистина зависен. Новиот мирис е создаден од парфимерите Sonia Constant и Louise Turner.
Нанесете го! Зошто?
Без разлика дали одите на забава или се подготвувате за вечерен состанок, кога станува збор за создавање волшебен изглед за вечерните часови, постои магична формула.
Вртоглави потпетици! Шик облека, која ќе оживее на подиумот! И завршниот допир! Нанесете го новиот мирис на Jimmy Choo! Зошто? Бидејќи I Want Choo Forever го доловува разиграниот дух на раскошната модна куќа и гарантирано ќе стане придружба на вашите најнезаборавни вечери.