- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Познатите сестри Kylie и Kendall Jenner лансираа нови мејкап производи, после големиот успех од нивната прва заедничка соработка. Врамени со виолетови цвеќиња, Kylie и Kendall интензивно зрачат со свежи лица во блескави розови и виолетови тонови. Може да се каже дека тие изгледаат навистина неверојатно!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Cosmetics (@kyliecosmetics)

Kendall Collection – мејкап производи за совршен глам!

Сестрите Jenner за да ја промовираат најновата мејкап колекција приспособија необично возило, кое го нарекоа „Kylie Truck“ во светло виолетова боја со богата цветна обвивка, што е тема на новата колекцијата. На регистарските таблички пишува „Lip Kit“ со виолетово срце во средината, а напред го има името Kylie. На едната страна од возилото има слика од Kylie и Kendall, а на предниот и задниот дел има многу цвеќиња во различни нијанси на виолетова, розова и беж боја.

Kylie Truck

Се чувствувам многу благословено и возбудено што ќе работам на уште една мејкап колекција со сестра ми Kendall. Нашата прва заедничка колекција сè уште ми е една од моите најомилени. Нашата цел за оваа колекција беше да создадеме сезонски производи кои се инспирирани од класичниот мејкап изглед на Kendall, таа сака smoky eyes со природен изглед со смела, дефинирана усна“ – вели Kylie Jenner.

- Реклама -

Kendall X Kylie

Kendall Pressed Powder Palette

Палетата со сенки за очи со мат финиш е сон за секого. Секоја палета содржи 18 високо пигментирани, целосно мат нијанси. Со топли и ладни тонови, сите нијанси лесно се блендираат. Вашиот мејкап изглед можете да го направите со секојдневните неутрални нијанси или да го зачинете со бои за креирање различен, разновиден изглед.

Pressed Powder Palette

Kendall Pressed Powder Palette

Kendall Blush & Highlighter Cheek Quad

Овој производ се состои од  две руменила и две нијанси на хајлајтер со различни текстури – кремаста и пудреста. Оваа разновидна палета содржи лесни, свилени формули оставајќи ги вашите образи со совршена боја или сјај. Со помош на вашата омилена четка, на образите можете лесно да нанесете руменило во прав, а потоа да нанесете хајлатер во прав на високите точки на лицето каде што сакате сјај. Кремастото руменило нанесете го на образите користејќи ја омилената четка или врвовите на прстите, а потоа и хајлајтерот на местата каде што сакате сјај.

Blush & Highlighter Cheek Quad

Kendall Blush & Highlighter Cheek Quad

Kendall Lip Crayon Set

Ова е сет за усни со 3 високо пигментирани розови нијанси. Новата кадифено-мека формула лесно се лизга низ усните оставајќи ги со удобен и мек мат финиш кој не ги суши усните. Дизајнирани се во удобен стик за лесно и практично нанесување.

Lip Crayon Set

Kendall Lip Crayon Set

Kendall Lip Gloss

Сјајот за усни во лимитирано издание ќе биде ваш избор за сјајни усни со волумен. Оваа лесна, удобна формула без напор се лизга низ усните. Формулирана со масло од пеперминт за освежувачко чувство на усните. Нијансата Ken Out Of Ken е светло праскеста боја со суптилни светки. Можете да нанесете само на усните или преку карминот за дополнителен допир на сјај.

Lip Gloss

Kendall Lip Gloss

Можете да ја разгледате мејкап колекцијата Kendall Collection на официјалниот сајт на Kylie Cosmetics.

Kendall Collection