- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Маскарата е важен додаток на KKW Beauty линијата за убавина!“ – изјави Kim Kardashian по повод лансирањето на KKW Beauty Glam Bible маскарата!

Доволно е само едно нанесување за да се постигне посакуваниот ефект на заводлив поглед!

Кога најпопуларната девојка од семејството Kardashian ја лансира својата мејкап колекција, нејзиниот почеток беше со претставување на хајлајтери и мејкап палети со сенки за очи, за многумина  овој избор е очигледен, бидејќи Kim обожава шминка со сјај.

Сепак, ѕвездата на Инстаграм одлучи да ја збогати својата мејкап колекција, лансирајќи линија со кармини, моливи за очи, а пред некој ден Kim ја најави својата прва маскара. Новата маскара ќе се појави само во една боја – класично црна и како што изјавува Kim Kardashian, доволно е само едно нанесување со четката за да се постигне посакуваниот ефект на заводлив поглед.

- Реклама -

Порачки преку официјалната веб-страница на Kim!

Маскарата веќе се наоѓа на официјалната веб-страница на брендот на Kim и стана дел од мејкап колекцијата Glam Bible Smokey Volume, која содржи палета на сенки, хајлајтер, молив за очи, кармин за усни, руменило и сјај.