Коректорот е еден од најмоќните алатки за шминкање во секој козметички несесер, бидејќи нема добра шминка без добра подлога, а тоа што ја прави навистина добра подлогата е само коректорот – малиот волшебник кој во комбинација со течната пудра ги брише несовршеностите и ви помага да добиете прекрасен и беспрекорен тен. Сигурно досега имате испробано море од коректори, но кога ќе почнете да ги користите, не секогаш сте задоволни, бидејќи не одговараат на вашата кожа. Коректорите од постарите генерации не беа толку добро формулирани како денес, ниту пак беа достапни во доволен број на нијанси за да ја погодите нијансата на вашиот тен.
Коректори и илуминатори во едно!
За среќа, технологијата во индустријата за убавина во последниве неколку години доста напредна и нуди безброј нови можности, а новите коректори се натпреваруваат едни со други за титулата „совршен“. Сега покриваат и камуфлираат, барем привремено се ослободувате од мозолчињата, црвенилото и пигментацијата на кожата и го изедначувате тенот на лицето. Но, тие исто така може да делуваат како хајлајтери – го осветлуваат тенот со ново светло и овозможуваат кожата да блесне, дури и кога не сте задоволни со својата кожа и ви се чини дека е сива и безживотна. Ви предлагам пет коректори кои истовремено делуваат и како хајлајтери!