- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

„Без разлика на вашата работа или страст, најдете начин како да се изразите себеси“

Истраен, мирис со повеќе лица како одраз на патувањето што го започнале парфимерите на Floris во потрага по повторно креирање на иконскиот Fougère – архетип на одважна парфимерија.

Vert Fougère – новото лице на машки мирис!

Напредокот во развојот на парфемот се случува со тимот на парфимерот на Floris, Edward Bodenham кој ги води и заедно го креираат новото лице на машки мирис од овој бренд што претставува одлично дополнување на Private Collection of Eaux de Parfum колекцијата.

Притисокот на животот во 21 век, го привлекуваат вниманието за секој човек во различни правци: семејство, работа, стил, живот полн со обврски, пријателство и тековни работи. Во очекување дека во секое поле ќе создадете врвна креација на мирис кој го изразува чувство за нас е од суштинско значење.

- Реклама -

Тргнувајќи од оваа мисла, парфимерот го создава новиот мирис што носи чувство на удобност. Vert Fougère ја одразува душата на Floris, го покажува она што е суштинско. Edward работејќи со Nicola Pozzani ја создава финалната верзија на Vert Fougère. Pozzani работи со Floris веќе 5 години, а ова е прва негова креација која е дел од Floris Private Collection.

Го обвива неговиот носител  со својот комплексен и препознатлив карактер!

Vert Fougère Eau de Parfum е суштината на секој културен водач кој ја цени прецизноста и бара рамнотежа помеѓу старото и новото, традицијата и иновацијата, автентичноста и модерното време.

Пренесувајќи ја деликатната линија помеѓу потценетото и индивидуалното, мирисот го обвива неговиот носител  со својот комплексен и препознатлив карактер, дефиниран со мешавина помеѓу темно зелени ноти и зачадени, кадифено-дрвенести мирисни акорди.

Горчливо–слатката мешавина од грејпфрут, бергамот и нероли се преплетува со ѓумбир и лаванда за дополнителна свежина. Пачулито, кедарот и кашмирот ја обезбедуваат издржливоста и трајното наследство.