Здравата нега на кожата започнува со нејзиното нежно чистење! Водена од таа идеја, ултра популарната Kylie Jenner ги претстави првите производи од нејзиниот бренд за нега на кожа наречен Kylie Skin. Kylie во нејзината линија за нега фокусот го стави на здравата и негувана кожа, сакајќи да го промени начинот на кој луѓето размислуваат за својата кожа. Визијата на Kylie Skin е да ги едуцира, инспирира и „опреми“ младите луѓе со соодветни производи за нега на кожата, кои ќе станат дел од нивниот секојдневен живот.
Популарниот американски бренд Kylie Skin се фокусира на производи кои особено нежно ја чистат кожата од нечистотии, вишок на маснотии, мртвите клетки од кожата и остатоците од шминка. Производите се вегански, не се тестирани на животни и немаат глутен, сулфати и парабени. Покрај тоа, тие се дерматолошки тестирани!
View this post on Instagram
Foaming Face Wash – Пена за чистење на лице!
Оваа луксузна пена за чистење на лицето содржи ултра хранливо масло од семе од киви, кое е богат извор на витамините Ц и Е. Тие помагаат во хидратацијата и ја подобруваат еластичноста на кожата на лицето. Нежната формула помага да се отстрани нечистотијата, себумот и остатоците од шминката, а воедно го прави тенот со здрав изглед. Се нанесува на влажна кожа со нежни кружни движења, а потоа се плакне со топла вода.
Walnut Face Scrub – Пилинг за лице од орев!
Пилингот за лице од орев е нежен, но ефикасно го чисти лицето и содржи коктел од антиинфламаторни состојки и овошни екстракти кои прават ексфолијација на мртвите клетки од кожата, ја измазнуваат и даваат свиленкаста текстура. Но, ако имате чувствителна кожа или кожа склона кон акни не се препорачува да се користи овој пилинг, бидејќи лушпите од ореви што служат за ексфолијација можат да ја изгребаат или да ја оштетат кожата. Пилингот се нанесува на влажна кожа со нежни кружни движења, а потоа се плакне со топла вода. Се употребува еднаш неделно!
Vanilla Milk Toner – Млечен тоник од ванила!
Нежен, безалкохолен млечен тоник за лице кој помага во освежување на изгледот на кожата. Содржи масло од авокадо, масло од семе од киви и екстракт од јаболко, кои помагаат во враќањето на природната хидратација на кожата. Млечниот тоник помага и во намалувањето на порите на лицето. Откако ќе ја измиете кожата со пената за чистење на лице, ставете мала количина на туфер и нанесете на кожата.
Vitamin C Serum – Витамин Ц серум!
Витамин Ц серумот е преполн со состојки кои продираат длабоко во кожата и помагаат во подобрување на целокупното здравје и изглед на кожата. Витамин Ц е состојка што е посакувана од секој експерт за кожа и се смета за еден од најмоќните антиоксиданси. Помага во осветлувањето на тенот, па дури многу успешно го изедначува. Се нанесува наутро и навечер по една капка.
Eye Cream – Крем за околу очи!
Овој ревитализирачки крем со уникатна формула содржи мешавина од кофеин, зелен чај, шија путер, масло од семе од јојоба, витамини Е и Ц и екстракти од калинка кои помагаат во осветлувањето на кожата, хидратација и ги намалува брчките.
Face Moisturizer – Крем за лице!
Навлажнувачкиот крем за лице содржи комбинација на смирувачки и хранливи состојки кои помагаат во хидрирање на кожата без да чувствувате тежина или маснотија. Погоден е за сите типови на кожа. Со користење ќе добиете неверојатно мека кожа. Екстрактите од овес и кора од портокал помагаат во смирување и омекнување на кожата, додека путерот од шија помага во хидратацијата. Се употребува наутро како совршен прајмер за вашата шминка или пред спиење за континуирана хидратација на кожата додека спиете.
Hydrating Lip Mask – Хидратантна маска за усни!
Навлажнувачки мелем кој помага во обновувањето на сувите усни. Содржи мешавина од масла, шија путер и витамин Е, оставајќи ги усните да се чувствуваат мазни, меки и еластични.
Sugar Lip Scrub – Шеќерен пилинг за усни!
Шеќерниот пилинг за усни од ванила прави ексфолијација и ги омекнува усните оставајќи ги мазни, меки и еластични. Формулата содржи мешавина од шија путер, витамин Е, јојоба и масло од семе од грозје за слатки усни за бакнување.
Каде може да се набават производите?
Производите од брендот Kylie Skin можете да ги набавите на официјалната страна на Kylie Skin или во најблиското Douglas продажно место во нашето соседство.