Сцената се одвива како во идиличното лето 1969та година, девојки со цветни круни, пастелни нијанси и музика од седумдесеттите која повикува на слобода и толеранција. Сите опуштено уживаа во прекрасното дружење во најдоброто кафуле-градина во Скопје – Leaf Cafe, а причина за тоа беше специјален настан, лансирањето на новитетот од парфемскиот бренд Juliette has a gun, најновата креација Magnolia Bliss, мирис на современите хипици. Тоа е мирис кој ја слави слободата, кој изобилува со бленд на цветни и овошни ноти кои асоцираат на уживање во животот, луди забави и авантури.
Кој се беше присутен?
Тоа беше прекрасна вечер, една од оние пријатни вечери што нудат посебна, прекрасна атмосфера. Мирисот на магнолија лебдеше во воздухот како да го запира времето и танцува во долгите диви коси на прекрасните девојки. Со цветните круни на нивните коси тие изгледаа како муза што беше инспирација на Romano Ricci во создавањето на Magnolia Bliss парфемот.
View this post on Instagram
Атрактивната водителка Марјана Станојковска, згодната пејачка Викторија Лоба, прекрасната Калтрина Криезиу, елегантната Јована Стојменович, блогерката Софија Јанева, познати фаци, бјути ентузијасти, инфлуенсери, модни критичари, претставници од медиумите, современи хипици… сите сведоци на раѓањето на Magnolia Bliss, мирисот на слободата и толеранцијата.
Сочен мирис инспириран од бескрајно идилично лето! Дали би го пробале?
Кога би можеле да се вратите во летото 1969 година, што би понеле со себе? Можеби, магнолија! Убавината на цветот на магнолија секогаш разнежува и дава романтичен шмек. Ова оптимистично издание ја слави убавината на цвеќето и овошјето. Сочни цитруси и летно овошје, измешани со магнолија, спакувани во шише со омбре стил кое ги открива боите на зајдисонцето во нијанси од темно-црвена преку црвена цреша, до нијанса на кајсија и жолта боја.
Прекрасно, ќе се согласите и вие? Настан за кој ќе се зборува долго!