Нема девојка која не сака раскошен волумен на трепките! Но, малку од нас се раѓаат со природно густи и закривени трепки. Повеќето девојки мака мачат со виткачи за трепки, процедури како што се минивал или подигнување на трепките со надеж дека тие ќе изгледаат барем малку погусти и повеќе изразени. Меѓутоа, постои маскара што ќе ги направи вашите трепки апсолутно сензационални и со која ќе добиете волумен и раскош на трепките. Станува збор за Maybelline New York Lash Sensational маскарата, потврдено сензационална!
Lash Sensational – идеална за мојот мејкап изглед!
Уште од нејзиното лансирање оваа маскара предизвика вистинско воодушевување. Верувале или не, таа е омилен бјути производ на повеќето мејкап артисти, а од неодамна стана мој омилен производ за убавина. Секој ден ме прашуваат како моите трепки изгледаат совршено, а одговорот е едноставен – Lash Sensational маскара. Повеќето мислат дека користам вештачки трепки, сепак ефектот го постигнувам само со Lash Sensational маскарата.
Зошто Lash Sensational маскарата толку е сакана!
Оваа маскара е единствена по тоа што обезбедува ефект на раширени, раскошни трепки. Тајната е во четката направена од 6 типа на силиконски иглички, кои достигнуваат скоро до секое влакно на трепките, со што трепките се шират како лепеза. Има дури 10 слоеви на чешли на четката, кои ја одделуваат секоја трепка, со што го зголемуваат волуменот.
Кога ќе ја пробате оваа маскара ќе заборавите на виткачот на трепки, а верувале или не, само еден слој од оваа маскара е доволен за гламурозен изглед. Формулата на Lash Sensational маскарата е таква што го нема она непријатно чувство на тежина на трепките, или несаканата појава на грутки.
Сите ќе ве прашуваат за вашиот раскошен волумен!
Со Lash Sensational, вашиот поглед ќе биде длабок, секоја трепка сензационална и сите ќе ве прашуваат како е можно вашите трепки да имаат таков раскошен волумен!