Парфемската линија Emporio Armani Stronger With You која припаѓа на брендот Giorgio Armani е збогатена со најнова верзија на првенецот Stronger With You лансиран во 2017 година со машкото издание Stronger With You Only. Првата парфемска креација беше збогатена со изданијата: Stronger With You Intensely во 2019 година, Stronger With You Freeze во 2020 година и Stronger With You Absolutely во 2021 година.
Зрачи со енергична сила и свеж потпис!
Мирисот ја претставува нераскинливата сила на љубовта, хемиската врска што нè обединува и нè прави посилни. Создаден е со интензивен Fougère машки потпис, со водечки ноти на лаванда и гераниум кои го формираат ‘рбетот на мирисот. Свежите аспекти се нагласени со грејпфрут, додека основата дава сензуална трага од ванила, костен и смолеста топлина од лабданум.
Љубовта се разгорува!
Во новото поглавје љубовната приказна се разгорува. Во рекламната кампања за новото мирисно издание, актерите Alice Pagani и Nicholas Hoult одлично го прикажуваат моќниот дух на Stronger With You Only, новиот мирис за него од Emporio Armani. Тие го откриваат новиот мирис кој спојува енергична сила со свеж потпис.
View this post on Instagram
Ориентално зачинет мирис!
Срцевината на мирисот содржи ароматична лаванда, со одржливо потекло од Прованса – југоисточна Франција. Оваа состојка е добиена преку водена пареа и процес на молекуларна дестилација, со што се добива високо рафинирана нота која е обликувана за Armani. Ова доведува до свеж и чист ефект, што се комбинира со срцевина од гераниум, овошно личи и цветни тонови. Специјално направена за Armani, природната срцевина од гераниум од Мадагаскар е добиена на одговорен начин, со нота добиена преку хидродестилирачки процес проследен со корекција со цел да се креира овошен и цветен „розов“ мирис.
Emporio Armani Stronger With You Only е достапен во шишиња со ист дизајн и облик како претходните изданија, во количини од 50 мл и 100 мл, како Eau de Toilette.