Mирис на расцветани страсти! YSL Mon Paris Parfum Floral

Новото издание на Mon Paris парфемската линија на модната куќа Yves Saint Laurent ќе биде претставено на крајот од месец Февруари 2019 година, под името Mon Paris Parfum Floral. Новото мирисно издание ќе биде лансирано за да го долови „мирисот на расцветани страсти“. Ова е четврто по ред издание на мирисната линија Mon Paris која се состои од оригиналот Mon Paris од 2016 година, Mon Paris Eau de Toilette од 2017 година и Mon Paris Couture од 2018 година.

Освежување во форма на цветен букет и сочни праски!

Mon Paris Parfum Floral најавен е како треперлив цветен мирис, кој на оригиналната „бела Chypre“ композиција, со мирисните ноти на datura носи освежување во форма на цветен букет и сочни праски.

Yves Saint Laurent Mon Paris Parfum Floral ќе биде достапен во 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *