- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

MAC е еден од омилените мејкап брендови! Иако секоја нова сезона носи неколку нови изненадувања и производи во рамките на MAC колекциите, сепак добро познатите класици е она што секогаш се истакнува на полиците на продажните места на MAC. Од течна пудра како почеток на секој мејкап изглед, до фиксатор во спреј како завршен печат, позади брендот за убавина MAC се наоѓа цела колекција на класици кои со години ги почитуваат сите ентузијасти за убавина и љубители на квалитетни мејкап производи.

Меѓу MAC омилените производи како најпопуларни се истакнуваат кармините за усни. Од одлични формули до култни нијанси, како што се – Ruby Woo и Velvet Teddy, MAC кармините со право го носат статусот на бјути класици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M•A•C Skopje City Mall (@mac.skopje) on

Најпопуларни MAC кармини!

Покрај омилените нуд нијанси, во палетата на кармини на MAC се истакнуваат неколку омилени во различни нијанси на црвено. Lady Danger ја носи интензивната црвена нијанса со портокалов подтон, Ruby Woo е еден од најпознатите црвени кармини во светот, во кој многу жени ја пронајдоа совршената класична црвена, додека нијансата Sin ќе ги воодушеви сите кои сакаат темно црвени тонови.

За вас издвоив пет одлични нијанси на кармини и секоја од овие пет MAC нијанси со право се нарекува класик и ќе биде одличен додаток на секоја мејкап колекција, а како изгледаат најпопуларните нијанси, ќе откриете во продолжение.

- Реклама -

Velvet Teddy

Velvet Teddy

Whirl

Whirl

Ruby Woo

Ruby Woo

Lady Danger

Lady Danger

Sin

Sin