Сите жени сакаат да имаат убави и негувани нокти и голем предизвик за секоја жена е да постигне совршен домашен маникир.
Пред да започнете со домашниот маникир, треба добро да ги измиете рацете и ноктите. Просторот под ноктите може да акумулира разни бактерии. Измијте ги рацете со благ сапун и четка.
Турпија
Користете турпија за да ги обликувате ноктите по ваша желба. Идеалната должина би била до врвот на вашите прсти. Essence нуди неколку различни типови на турпии во својот асортиман. Изберете ја онаа што одговара на вашите потреби.
Практикувајте турпијање само во една насока, три пати во една и три пати во друга насока. Турпијање напред-назад на ноктите ќе предизвика кршливост и лупење.
Repair Nail Oil
Дајте им на вашите нокти и кутикули интензивна нега со масло за обновување на ноктите. Со ова масло кршливите нокти се минатото. Богатото масло интензивно ги храни и штити ноктите и кутикулите и ги прави повторно да изгледаат здрави. Овој чекор ќе помогне во здравјето и растот на вашите нокти и естетскиот изглед.
Cuticle Remover
Секој добар маникир вклучува нега на кутикули. Отстранувачот на кутикули делува во секунда! По кратко време од нанесувањето, кутикулата се омекнува и едноставно се отстранува вишокот на кожа.
Active Whitener
За љубителите на лакови за нокти во боја, Active Whitener е лак за идеална основа на маникирот, заштитувајќи ги ноктите од пожолтување предизвикано од лаковите во боја. Исто така, видливо ги осветлува ноктите и ги штити од менување на бојата, особено од темни нијанси.
Shine Last & Go!
Откако основниот слој добро ќе се исуши, нанесете лак во боја за нокти. Пронајдете инспирација во богатиот избор на Shine Last & Go! гел лаковите за нокти.
За нокти од соништата и без компромиси! Формулата со гел ефект е трајна, со интензивна боја и фантастичен сјај. Лаковите за нокти се достапни во многу нијанси и со нив можете да го создадете вашиот кул изглед инспириран од најновите трендови во дизајнот на нокти.
Најлесниот начин за добро нанесување на лакот е рамномерно нанесување од коренот до крајот на ноктите без многу повторувања.
Nail Polish Corrector Pen
Дали ви се размачка лакот? Не грижете се, тоа е во ред! Коректор пенкалото ви помага да ги исправите малите грешки. Исто така, супер практично кога сте на одмор бидејќи доаѓа со три заменски врвови.
Express Dry Drops
За да направите вашиот лак за нокти побрзо да се исуши, нанесете експресни капки за брзо сушење на лакот за нокти, а вашиот лак ќе се исуши за 60 секунди! Благодарение на апликаторот на капачето, можете да нанесете капка по капка. И најдоброто нешто: вашите нокти и кутикули дополнително се хранат со витамин Е и бадемово масло за дополнителен сјај во исто време.
Ultra Gloss
И за крај за да го зацврстите лакот за нокти нанесете ултра сјаен лак за нокти. Тоа ќе им даде на вашите нокти и на бојата дополнителен сјај, но исто така ќе го продолжи и времетраењето на целиот маникир.
Покрај тоа што ги разубавите вашите нокти и раце, маникирот ќе ве смири и опушти.