- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ниту еден мејкап изглед не поминува без маскара, па затоа посакуваме да ги совладаме сите техники кои го гарантираат „убиствениот“ женски поглед.

Идеална пудра и омилена маскара ја чинат основата на секоја мејкап рутина. Со помош на пудра ги прикриваме несовршеностите и го изедначуваме тенот, а маскарата за да го нагласиме погледот!

Учиме од професионалци!

Веројатно ова магично стапче – маскарата, секогаш ја користите на ист начин. Секој има своја техника и маскара што совршено одговара. Но, со дополнителни трикови што ги учиме од професионалци од маскарата можеме да го извлечеме максимумот. Секако се зависи од трепките и мејкап изгледот што сакате да го постигнете. Ако вашите трепки се кратки, побарајте ги оние со гумена четки со боцки, додека за волумен секогаш подобар избор се fluffy – дебелите четки.

маскара и мали слатки трикови

Smokey eyes!

За интензивен smokey eyes мејкап изглед ви советувам нанесување на маскара со движења лево-десно, исто како кога миете заби. Фокусот е насочен кон нагласување на коренот, а се нанесуваат слоеви до врвовите на трепките. Овој мејкап изглед ја нагласува длабочината, ги врамува очите и дава интензивен изглед кој особено добро изгледа на зелени и сини очи.

- Реклама -

Cat eyes!

Cat eyes мејкап изгледот најдобро се постигнува со маскари за волумен, бидејќи тие имаат влажна текстура и подобро ја држат посакуваната форма на трепките. Кај овој мејкап изглед акцентот не е на должината на трепките, затоа се нанесува скоро странично – не нагоре, со цел да се добие закосен, како бадем облик на очите. Со едноставна линија со туш за очи ефектот е загарантиран.

maskara i mali slatki trikovi

Ефект на поголеми очи!

Доколку сакате ефект на поголеми очи, фокусирајте се на нанесување на маскара на централниот дел од трепките. Нивната должина ги прави очите поголеми, а најдобар избор за тоа се маскарите за волумен. Затоа, само лесно нагласете ги рабовите на трепките со еден слој. Таков мејкап изглед го поврзуваме со Twiggy и шеесеттите години – нанесете го првиот слој на маскара, а потоа само со неколку потези „залепете“ ги трепките. Задолжително нагласете ги долните трепки со слој од маскара ако се стремите кон овој мејкап изглед.

Twiggy

Драматичен изглед на трепки!

За малку подраматичен изглед кој остава впечаток на вештачки трепки, вообичаената маскара нанесете ја на трепките, а потоа со онаа за волумен, дополнително нагласете ги само надворешните рабови, за очите да дојдат до максимален израз. Секако, не заборавајте да ја менувате маскарата на секои шест месеци, а за време на вашата рутина за убавина не заборавајте да ги негувате трепките и веѓите. Стариот, добро познат рецепт се однесува на рицинусово масло, кое воедно ги зајакнува и го стимулира растот на трепките.

maskara trikovi