Paco Rabanne лансира 1 Million Parfum како слатко-солен, дрвенест и цветен, со акорди на кожа.
1 Million мирисна колекција!
Мирисната колекцијата 1 Million е обемна и секој мирис е сладок на свој начин, без разлика дали е слатко ароматичен како оригиналниот 1 Million, меден со ореви како 1 Million Lucky или сладок со ванила и ноти на тутун како 1 Million Prive. Мирисите од 1 Million колекцијата се означени како машки, но лесно можат да бидат унисекс – жените сакаат да ги користат. Новиот мирис не е исклучок!
Како е создаден 1 Million Parfum!
Новата креација 1 Million Parfum се роди сосема случајно, композицијата произлезе од случајна несреќа која парфимерот Quentin Bisch ја сподели на својот Инстаграм профил:
“Оригиналната идеја за создавање на парфемот произлезе од случајна несреќа: при враќање од одмор во мојата кожна торба се скршија две шишенца, едното шишенце беше мојот лосион за сончање, а другото шишенце беше примерок на есенција од цитрус. Се создаде мирис кој беше апсолутно воодушевувачки! Го задржав на една едноставна формула: контраст на солена тубероза во комбинација со смола и кожа…“.
Заштитно лице: Joey Bada$$ ѕвезда на интернационалната хип-хоп сцена!
Рекламното лице на 1 Million креацијата е Joey Bada$$. Тој има 24 години и поседува сјајна енергија. Зрачи со харизма. Joey Bada$$ е ѕвезда на интернационалната хип-хоп сцена. Роден во Бруклин, овој американски рапер исто така е и актер и претприемач. Почитуван уметник кој им го поклонува својот глас на оние што не можат да се слушнат. Негово мото е да се биде слободен и горд, а пред сè да ја држите главата исправено. Се очекува да го претстави својот соло албум во 2020 година.
1 Million Parfum топол мирис до крајност!
Главни ноти на парфемот се слатки, цветни и солени акорди со контрасти. Масло од монои, тубероза, кожа, смола, дрвенести ноти, labdanum и килибар. Мирисната композиција зрачи со богатството на загреана кожа на сонце и малку сол. Мирисот е дрзок како златна шипка (форма на шишето). Тоа е намерно топол мирис до крајност.
1 Million Parfum е достапен во три големини: 50, 100 и 200 мл, како Eau de Parfum.