Опсесијата со овој коректор започна на светската сцена, кога Gigi Hadid и другите топ модели и светски познати инфлуенсерки го препорачаа овој коректор уште пред да пристигне кај нас. Од коректорот за себе баравме по еден примерок од странство, чувајќи го како вистинско благо. Возбудата околу коректорот Maybelline New York Instant Eraser сеуште трае со добра причина. Што е ново? Брендот Maybelline New York тврди дека коректорот сега доаѓа со нова, подобрена формула!
Што останува исто?
Честопати се двоумиме дали да избереме лесен дневен или потежок долготраен коректор. Сметаме дека лесниот коректор нема да навлезе во порите, а од друга страна долготрајниот често знае да биде тежок, па по цена на покривање на темните кругови околу очите, добиваме „heavy look“ кој по правило уште повеќе ги нагласува фините линии.
Maybelline New York Instant Eraser отсекогаш нудеше совршена рамнотежа, бидејќи со својата средна покривност и лесна, кремаста текстура не се вовлекуваше во фините линии околу очите. Токму таа текстура со легендарниот сунѓер апликатор ви овозможуваше да ги покриете темните кругови околу очите. Со еден лесно притискање на апликаторот на саканото место, можевте целосно да ја поправите секоја несовршеност, сончева дамка, капилар или мозолче.
Се прилагодува на сите типови на кожа!
Овој најпродаван Maybelline New York коректор е достапен во 8 нијанси и совршено се вклопува со кожата, без разлика дали е сува, комбинирана или мрсна. Лесно се нанесува, обезбедувајќи блескав и природен финиш на кожата.
Совет за контурирање: Ако имате неколку соодветни нијанси, Instant Eraser е одличен и за контурирање на лицето. Поточно, ја користам нијансата Neutralizer веднаш под очите, Nude за цело лице, а Honey за контурите.
View this post on Instagram
Со оглед на тоа што веќе ги знаете овие карактеристики на популарниот коректор, сигурно се прашувате што има ново?
Од сега, хидратација и покривност до 12 часа!
Коректор кој може сè?
Коректор кој со едно нанесување хидрира, покрива, корегира, контурира и обезбедува покривност без тежина на лицето, дефинитивно е мејкап производ што прави сè и дури повеќе од потребното. Затоа, Maybelline New York Instant Eraser коректорот дефинитивно ја заслужува својата репутација на коректор кој прави сè!
Браво за Maybelline New York!