Pasha de Cartier е класичен мирис на лаванда и пачули претставен во 1992 година и именуван по часовникот Pasha, легендарното парче накит од Cartier од 1985 година. Покрај изданието Noir – модерен мирис со зелени и цитрусни ноти, килибар и кедар и изданието Edition Noire Sport – енергичен мирис со цитрус, морски акорди и кедар, новото издание Pasha de Cartier Parfum претставува современа и интензивна верзија.
Храбар, софистициран и моќен!
Парфемот Pasha de Cartier наменет е за современи и елегантни мажи – оние кои сакаат да останат забележани. Го красат епитети како што се: храбар, софистициран и моќен. Мирисот е модерна верзија на оригиналот во парфемска концентрација која обезбедува дополнителна длабочина, интензитет и постојаност.
Користени се најдобри состојки од целиот свет!
Современата композиција на Pasha de Cartier Parfum е со дрвенести и килибарни карактеристики каде се вклучени ноти од пачули, сандалово дрво, смола од ела, бензоин и тонка зрно. Мирсината креација е потпишана од парфимерката на Cartier, Mathilde Laurent. Mathilde во новата креација се обиде да ја зачува карактеристичната ароматична основа на мирисот Pasha, но успеа да создаде нова приказна со дрвенести и килибарни ноти користејќи најдобри состојки од целиот свет.
Дизајн инспириран од часовникот со истото име!
При креирањето на новата верзија на парфемот посебно внимание беше посветено на дизајнот на шишето. Тоа е инспирирано од часовникот со истото име, сега со син сафирен камен – единствен симбол на Cartier.
Pasha Parfum е блескав и софистициран машки мирис кој никого нема да остави рамнодушен, како и неговиот сопственик кој никогаш нема да помине незабележан.
Pasha Parfum е достапен во количини од 50 и 100 мл, како Parfum.