- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Доаѓа најлудата ноќ во годината, што значи дека време e за последните подготовки. Верувам дека веќе ја имате совршената облека која треба да биде заокружена со мејкап изглед кој ќе создаде wow ефект. Сезоната на празници е совршена за експериментирање, затоа најдобро е да и дозволите целосна слобода на вашата имагинација. Сепак, ако немате инспирација, ви предлагам пет најдобри мејкап изгледи кои можете да ги испробате.

Впечатлив црвен кармин!

Црвениот кармин е класик со кој никогаш нема да згрешите, дури и во сезоната на празници. Ако го изберете, остатокот од мејкап изгледот оставете го да биде едноставен – сјајна кожа и малку бронзер заедно со впечатлива нијанса на црвена боја на усните ќе бидат повеќе од доволни за апсолутно да заблескате на новогодишната ноќ.

Пастелни нијанси на очите!

Ако не ви се допаѓа интензивна шминка, тогаш пастелните нијанси на сенки за очи се совршен избор. Ова не е впечатлива шминка, како што е случајот со другите идеи за новогодишната ноќ, но станува збор за многу тренди издание, особено ако изберете розови нијанси. Розовата со блескава завршница совршено одговара на сите бои на очи и ќе го отвори вашиот погледот, создавајќи wow изглед.

- Реклама -

Мат кармин со кадифен ефект!

Според експертите за шминкање, мат карминот со кадифен ефект е еден од најголемите трендови оваа сезона. Пред да го нанесете, неопходно е добро да ги хидрирате усните, да направите добар пилинг и да нанесете балсам на усните. Покрај карминот, користете молив за усни со иста боја за да изгледате беспрекорно.

Сјајна сенка на очите!

Новогодишната ноќ е создадена за светки и многу, многу сјај. Покрај на вашата облека, сјајот исто така е неопходен дел од шминката, а изгледа совршено на очите. Секогаш можете да комбинирате неколку различни сенки со сјајна и блескава завршница, а усните задржете ги во неутрални, нуд нијанси за очите да бидат во центарот на вниманието.

Впечатлив туш за очи во неонски бои!

Со оглед на тоа дека сезоната на празници е идеална за експериментирање, поиграјте со неонски бои кои особено ќе изгледаат ефектно наместо класичниот црн туш за очи. Ако се одлучите за ваков мејкап изглед, остатокот од шминката нека биде едноставен и целосно неутрален.