Eucerin Aquaphor е омилен производ за нега на кожата на многу суперѕвезди и тоа со добра причина!
За време на постудениот период од годината, сосема е нормално кожата да изгледа повеќе уморно од вообичаеното. Покрај тоа, поради сувоста кожата може дополнително да ве затегнува и тоа да биде болно. Ако постои нешто во што е сигурен светот на убавината, тоа е дека студеното време е ретко добра вест за тенот на лицето. Честопати сами сме свесни за тоа, покрај фактот дека нашата кожа во текот на летото е поубава, пополна и посјајна, а во зима таа за час се променува и станува уморна и видно е под стрес.
Мултифункционален производ создаден за во зима!
На почетокот на зимската сезона додека сме во потрага по било какви производи за поздрава и посјајна кожа, не можеме а да не се запрашаме дали нашата кожа повторно ќе блесне. Секако, можеме да го нанесеме омилениот хајлајтер или осветлувачки прајмер под пудрата за да создадеме вештачки сјај. Сепак, длабоко во нас знаеме дека нашата кожа страда. Но, многу бјути ентузијасти и познати личности открија еден чудесен мелем. Тој е мултифункционален и овозможува природно здрава и сјајна кожа во текот на сите годишни времиња.
Од Beyoncé до Charlize Theron, па дури и мејкап артистот кој стоеше зад шминката на Meghan Markle на денот на нејзината венчавка – Eucerin Aquaphor смирувачкиот мелем е омилен производ за нега на кожата на многу суперѕвезди и тоа со добра причина. Овој производ кој е достапен и за вас на полиците во вашата најблиска аптека прави чуда и на кожата и дава сјај одвнатре.
Првично формулиран да создаде заштитна бариера преку сувата и испукана кожа, денес овој супер навлажнувачки мелем, кој содржи глицерин и регенерирачки пантенол, се користи за низа други бјути задачи. Без разлика дали имате суви раце, егзема или едноставно само сакате да го вратите сјајот на кожата, овој мелем е идеално решение за секој проблем.
Како славните личности го користат Eucerin Aquaphor Soothing Skin Balm?
Можеби очекувавте дека омилените производи за нега на кожата на Beyoncé ќе бидат многу луксузни козметички производи, но за среќа таа има една тајна. Во интервју за Elle, пејачката признала дека секоја вечер нанесува Eucerin Aquaphor на лицето.
За нејзината венчавка, Meghan побарала помош од мејкап артистот Daniel Martin за да го креира својот невестински мејкап изглед. Во интервју за E!Online, тој открил дека Eucerin Aquaphor имал важна улога во давањето на доза на здрав сјај кај Meghan. Пред да го нанесе хајлајтерот, тој на истакнатите делови од лицето нанел Eucerin Aquaphor. Мелемот на кожата и дава поубава текстура што особено е видливо на фотографиите.
Во интервју за InStyle, Charlize Theron признала дека користи Eucerin Aquaphor за целото семејство. Фамилијарниот лекар првично го препорачал овој мелем за нејзиниот син и кога почнала да го користи, сфатила дека тоа е една од најдобрите креми досега.
Во интервју за The Strategist, Lucy Liu открила дека Eucerin Aquaphor е еден од оние производи без кој не би можела да живее. Можете да го нанесете на лицето во текот на зимата или на испуканите усни во било кое време. Добар е за бебињата ако сте родители или за лекување на посекотини и модринки за побрзо да ги излечите.
Додека Nicole Kidman навистина се потпира на некои луксузни брендови за да ја одржи кожата под контрола, тоа не значи дека не ги цени квалитетните и достапни за секого производи. Во интервју за Allure, таа открила дека La Mer е нејзиниот must-have крем, но дека го обожава Eucerin Aquaphor. Таа истакнала дека мелемот е неверојатен за сувата кожа.