- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Популарната мирисна колекција Scandal на Jean Paul Gaultier го вклучи првиот машки мирис Scandal Pour Homme. Колекцијата започна со женското опојното издание Scandal од 2017 година во кое медот, карамелата, пачулито, црвениот портокал и белите кремасти цветови беа најдоминантни. После него лансиран беше Scandal By Night кој заведуваше со опојната композиција каде медот се мешаше со тонка зрната и црешите. Третиот женски мирис од колекцијата Scandal A Paris беше повеќе цветен и ги мешаше соларните ноти на јасминот со медот и вкусните круши, додека So Scandal! беше најмногу овошен, со пикантни ноти на ликер од малина што го прелеваше прекрасниот букет од бели цветови.

Jean Paul Gaultier Scandal Duo

Scandal Pour Homme е создаден како ода на машкоста!

Машката креација носи ДНК од првото издание на колекцијата, фаворизирајќи акорд на карамела кој се комбинира со тонка зрна и ветивер. Композицијата е зачинета со деликатно слаткаст акорд на кардамон и зачинета билна нијанса на мускатна жалфија. Новиот Scandal Pour Homme е создаден како ода на машкоста, мирис кој е подготвен да ја открие харизмата и храброста на сопственикот.

Scandal Pour Homme boxing gloves

- Реклама -

Scandal Pour Homme bottled

Капаче во форма на круна ја рефлектира триумфалната композиција!

Шишето во форма на трофеј со капаче во форма на круна ја рефлектира триумфалната композиција и го слави впечатокот што го остава на другите. Шишето е дизајнирано да може да се надополнува. Бојата на течноста е сива и совршено се комбинира со златната круна и црвениот детал на капачето.

composition

Scandal Pour Homme composition

Колекција!

Машкиот мирис Scandal Pour Homme е достапен во шишиња од 50, 100 и 150 мл, како и шише од 200 мл за надополнување. Колекцијата вклучува производи за нега на тело, дезодоранс од 150 мл и гел за туширање од 150 мл.

colection

colection body

Scandal Pour Homme bottled