- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Giorgio Armani го претстави мирисот Sì Eau de Parfum Intense, уште поинтензивна и софистицирана интерпретација на класичниот женски мирис кој претставува самодоверба и енергија. Еманципирана и слободна, жената што го носи Sì се осмелува да ја прифати својата најинтензивна страна.

Претставен во 2013 година, е култен женски мирис на брендот Giorgio Armani, истовремено сензуален и заводлив. Со спојување на независноста на духот, софистицираноста и спокојството, мирисот Sì ја слави храброста на жените, охрабрувајќи ги да ги напишат сопствени правила и да го живеат животот во потполност.

Sì Intense visual

Cate Blanchett предизвикува безвременост и модерност!

Мирисот Sì Eau de Parfum Intense го претставува Cate Blanchett, актерка и добитничка на Оскар. Во новата кампања на фотографот Tom Munro, таа предизвикува безвременост и модерност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Armani beauty (@armanibeauty)

- Реклама -

Смел мирис!

Sì Eau de Parfum Intense е ориентален и овошен мирис кој на жената и дава самодоверба да ја истражи својата најинтензивна страна.

Креиран е од парфимерката Julie Massé која ги создаде сите Sì мириси. Sì Eau de Parfum Intense го носи мирисот во нова привлечна насока. Горната примамлива нота на мирисот е нектар од црна рибизла добиен од јадрото на овошјето, по што се познати мирисите од семејството Sì. Во срцето на мирисот се розите од Испарта, регион во Турција познат како „град на рози“ и кадифен пелин. Овие две ноти заедно создаваат силен и интензивен ефект. Во основата се нотите на пачули и бензоин смола кои обезбедуваат чувството дека сте обвиени со мирисот.

Sì Intense ingredients

Ванилата во Sì Eau de Parfum Intense мирисот потекнува од заштитеното подрачје Loky Manambato во Мадагаскар, а добиена е во соработка со локална непрофитна организација, што е само една од многуте иницијативи на брендот Giorgio Armani кои придонесуваат за општествена одговорност во рамките на програмата „Солидарна набавка“. Целта на оваа програма е да обезбеди етички начин за набавка на клучни состојки и придонес кон економскиот развој на локалните земјоделски заедници, што е во согласност со принципите на внимавање на детали, избор на природни материјали и почитување на природата.

Култен дизајн, нов интензитет!

Sì Eau de Parfum Intense е претставен во култното и препознатливо Sì шише. Тоа е структурно и едноставно, бидејќи со леснотија привлекува поглед на неговите облини и органско капаче.

Sì Intense colection

Шишето однадвор е лакирано, што резултира со транспарентен изглед. Црниот лак на дното на шишето од надворешната страна на проѕирното стакло проникнува со нежен заводлив ефект, славејќи го елегантниот интензитет на мирисот. Сјајното црно капаче во форма на камен е препознатлив детаљ на мирисите од колекцијата Sì, како и елегантните златни прстени околу вратот и основата на шишето што пружаат гламурозен изглед.Sì Intense package

Sì Intense bottle