За „no make up“ мејкап изгледот карактеристично беше употребата на минимална количина на шминка на лицето и освежувачкиот ефект постигнат само со трага од шминка на образите, очните капаци и усните. Овој мејкап тренд веќе подолго време беше апсолутен фаворит како кај мејкап артистите така и кај љубителките на шминка.
Haute Couture – елегантна, софистицирана и дефинирана шминка!
Меѓутоа, како што се доближуваат зимските денови, така полека се свртуваме кон „тешката“ шминка што е избор својствен за студената сезона. За ваквиот избор на мејкап производи придонесува и сезоната на празници и забави каде секој се обидува апсолутно да блесне, така што празничниот и ефектен мејкап изглед е оној што ја заокружува гламурозната облека.
Сепак, тоа не значи дека се враќа „тешкиот“ мејкап изглед од Instagram кој беше голем тренд пред неколку години, туку елегантна, софистицирана и дефинирана шминка која на лицето изгледа прекрасно, а меѓу мејкап артистите се нарекува – make up Haute Couture и го означи враќањето на шминката по минимализмот што долго време владееше во козметичките кругови.
Најпопуларниот мејкап изглед со кој ќе блеснете на секоја забава!
Ви го пренесувам најпопуларниот мејкап изглед за зимската сезона со кој ќе блеснете на секоја забава.
Трепките стануваат подебели-погусти, руменилото повеќе изразено, а линијата на тушот за очи повеќе драматична, а мејкап експертите откриваат како да го постигнете овој изглед.
Иако се работи за малку „подраматичен“ мејкап изглед, експертите препорачуваат кожата сè уште да изгледа природно и свежо, без оглед дали користите пудра за потполно покривање или полесна верзија на пудра. Зборувајќи за очите, шминкерите советуваат похрабар изглед, односно не треба да се плашите од раскошни трепки кои ја имаат задржано дозата на природност и впечатлива сенка за очи за прекрасен дефиниран изглед. Smokey eyes во сиви или кафеави нијанси сè уште е еден од омилените мејкап ефекти, а тука е и драматичната линија на туш која што на секој мејкап изглед ќе му даде допир на елеганција и гламур. За најраскошен ефект, може да комбинирате туш за очи и smokey eyes за да постигнете вистински wow ефект.
За крај, тука се руменилата што ќе ги истакнат образите, а тоа ќе ви подари здрав и младешки изглед. Изберете руменила со кремаста или гел текстура што на лицето ќе изгледаат блескаво, притоа без да создадат cakey ефект.